Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмското бегство со мотоцикл?
Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, целосно изолиран од другите затвореници. Неговиот адвокат вели дека „со години не видел сонце“, како и дека излегува од ќелијата само неколку часа неделно.

Наркобосот Ел Чапо стана светски познат благодарение на неговите филмски бегства од затвор.
Во 2001 година, тој ги поткупил чуварите и бил изнесен од затворот во количка за облека. Во 2015-та, пак, избега со мотоцикл преку тунел од неговата ќелија.
Но, сега озлогласениот наркобос е во затвор од кој бегството е практично невозможно, а бидејќи е чуван со максимално обезбедување, неодамна и се пожалил за уловите во коишто живее.
68-годишниот Ел Чапо од 2019 година е во затвор со максимално обезбедување во Колорадо.
Споредуван со Алкатраз, ова е затвор со најсилно обезбедување во САД и овде се сместени затвореници кои се сметаат за премногу опасни или затвореници кои постои ризик да избегаат.
Ел Чапо е сместен во најрестриктивниот оддел на затворот и поминува 23 часа дневно сам, во мала ќелија.
Нема скоро никаков контакт со луѓе и наводно почнал дури да се радува на посетите правните асистенти.
Според неговата поплака, наркобосот речиси постојано страдал од болка во синусите, ушите носот и грлото бидејќи не добивал ни соодветна медицинска нега.
За Daily Mail, негов адвокат тврди дека тој е најизолиран од сите затвореници во установата.
Притоа, вели дека ни тој не може да му овозможи да биде посетен од некој близок.
Впрочем, Ел Чапо не смеел да биде посетуван од никој од неговото семејство, за да не може да управува со својот картел од зад решетки.