Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерката на Џон и Џеки Кенеди
Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон Ф. Кенеди беше убиен во атентат, мајка ѝ почина од рак, брат ѝ загина во авионска несреќа, а последно, Керолин ја изгуби и нејзината ќерка која боледуваше од леукемија.

Поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди доби две деца со Џеки – Џон Ф. Кенеди Џуниор, како и ќерката Керолин.
Тие имаа мртвородена ќерка, како и уште едно синче кое почина само два дена по раѓањето.
Сите знаеме дека животот на Џон заврши со убиство, но трагедиите во семејството Кенеди се толку чести, што се зборува и дека е проколнато.
Неодамна, во семејството се случи уште една трагедија – почина 35-годишната внука на Џон и Џеки, Татјана.
Па, сега единствениот жив наследник на Џон Ф. Кенеди е неговата ќерка Керолин која денес има 68 години.
Керолин со родителите
Тажниот живот на Керолин Кенеди:
Керолин имаше само пет години кога нејзиниот татко беше убиен во Тексас во 1963-та.
Џон Ф. Кенеди и Џеки, кратко пред неговото убиство
Пет години подоцна, нејзиниот чичко Роберт Кенеди исто така загина трагично – беше убиен во Лос Анџелес додека водеше претседателска кампања.
Чичкото на Керолин
Во 1994 година, Керолин ја изгуби мајка ѝ Џеки.
Џеки почина на 64-годишна возраст од лимфом.
Керолин и брат ѝ на погребот на мајка им
