Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавиот хорор-филм, The Exorcist
Филмот The Exorcist е снимен според вистинската приказна за 13-годишно момче кое најверојатно имало сериозни проблеми со менталното здравје. Но, лекарите не им дале објаснување на неговите родители, па кога се свртеле кон свештеници, тие ги увериле дека е „опседнато со 10 демони, а можеби и самиот ѓавол“.

The Exorcist до денес важи за еден од најдобрите, но и најстрашните хорор-филмови.
Филмот е снимен според истоимената книга од Вилијам Питер Блати кој, пак, се инспирирал од вистински настан – 13-годишно момче со сериозни ментални проблеми за кое родителите (и свештениците) мислеле дека единствениот спас е егзорцизам.
Не добивајќи одговори за неговата состојба, родителите на момчето се свртеле кон свештеник кој ги убедил дека детето е опседнато од демони, а потоа и самиот ѓавол.
Како што спомнавме, момчето очигледно страдало од проблеми со менталното здравје, но тоа не ја прави приказната помалку морничава.
Сцена од филмот The Exorcist
Детали за „егзорцизмот“ на Роланд До:
Кон крајот на 1940-тите, Роналд До, чие вистинско име претпоставува дека било Роналд Хуенкелер, ја изгубил неговата тетка.
13-годишното момче тешко се справувало со загубата бидејќи биле особено блиски.
Тетка му верувала во натприродното, па дури и го научила Роналд како да користи табла за разговарање со духови.
Во јануари 1949 година, кратко по смртта на тетка му, Роналд почнал да забележува чудни работи низ домот, како звуци кои доаѓале од подовите и ѕидовите во неговата соба.
Неколкупати на родителите им кажал и дека навечер се мрдал неговиот кревет, без разлика што бил сам во собата.
Роналд До
Загрижени за него, родителите на Роналд почнале да се консултираат со лекари, психијатри, па и свештеник од нивната црква.
Бидејќи никој не можел да им помогне, свештеникот ги советувал да се обратат кај езуитите – католички свештеници, познати и како исусовци.
Еден од нив, отец Е. Алберт Хју, решил да им помогне и утврдил дека детето е опседнато од демони.
Ги замолил неговите надлежни да изврши егзорцизам и кон крајот на февруари 1949-та, добил дозвола.
Отец Алберт
Информациите за она што се случувало за време на егзорцизмот треба да се земат со доза скептицизам, бидејќи единствените очевидци биле свештениците кои учествувале во егзорцизмите и родителите на Роналд.
Односно, сè што се знае за случајот е раскажано од нив.
Според раскажаното, кога свештеникот Алберт го почнал егзорцизмот, го заврзал момчето на креветот и почнал да рецитира делови од Библијата.
Но, Роналд откинал дел од неговиот душек со кој го удрил свештеникот и егзорцизмот бил запрен.
Сцена од филмот The Exorcist
Само неколку денови подоцна, на телото на Роналд се појавиле гребаници, а една од нив наликувала на зборот „Луис“.
Мајката на Роналд го протолкувала ова како знак дека треба да одат во градот Сент Луис (во Мисури), каде што имале роднини, и таму да побараат помош за син им.
