Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавиот хорор-филм, The Exorcist
Роднина на Роналд и неговите родители тој период студирала во универзитетот во Сент Луис, па им помогнала да стапат во контакт со тамошни езуитски свештеници.
Откако се консултирале со нивниот надреден, и тие се согласиле да се обидат да извршат егзорцизам, со помош на неколку нивни асистенти.
Едниот од свештениците во Сент Луис
На почетокот од март 1949-та го направиле првиот обид, кога наводно на телото на момчето почнале да се појавуваат гребаници, а неговиот кревет постојано се тресел.
Првиот обид бил неуспешен и свештениците пробувале да му помогнат на момчето извесен период.
Според нивните записи, тие забележале и дека Роналд се однесувал сосема нормално преку ден, но навечер, откако ќе си легнел, станувал агресивен.
Влегувал и во некаков транс и тогаш зборувал со чуден и длабок глас.
Според свештениците, неколкупати се случувало околу Роналд да летаат предмети, како и дека се однесувал агресивно ако му се приближеле со свети предмети, како крст.
Ако сте го гледале The Exorcist, веројатно сите овие детали ви се видени во филмот.
Сцена од филмот The Exorcist
Но, според свештениците, се случувале и други побизарни инциденти.
На неговите гради се појавила гребаница во форма на Х, која свештениците ја протолкувале како латинскиот број 10. Се појавила и гребаница во форма на орудието вила, па заклучиле дека ова е знак дека Роналд бил опседнат од 10 демони.
Секоја вечер, свештениците одново и одново правеле егзорцизми, а ситуацијата ескалирала на 20-ти март, кога Роналд уринирал во креветот и почнал да им кажува пцости и одвратни работи на свештениците.
Ова ја преминало секоја граница за неговите родители, па тие го однеле во болница во Сент Луис, со надеж дека ќе добие посериозен третман.
Болницата во Сент Луис
Свештениците го посетувале и овде и, наводно, на 18-ти април се случило „чудо“.
Во понеделникот по Велигден, Роналд почнал да се однесува агресивно штом се разбудил. Бил во состојба на транс и наводно зборувал нешто за ѓаволот.
Свештениците се обиделе со уште еден егзорцизам, а истата вечер, Роналд одеднаш почнал да се однесува нормално и само им рекол дека „демонот (или ѓаволот) си замина“.
Момчето им кажало дека имало визија од архангел Михаил и дека тој го спасил.
Куќата во Сент Луис во која престојувал Роналд
Според свештениците, по овој настан престанало бизарното однесување на Роналд и тој всушност имал сосема нормален живот.
Приказната за егзорцизмот била објавена во 1949 година во статија во The Washington Post, но никој не ѝ обрнал многу внимание.
Во статијата не биле спомнати многу детали, а и бил искористен псведонимот Роналд До, наместо вистинското презиме на момчето. Па, затоа и не е сигурно кој е неговиот идентитет.
Внатрешноста од куќата во која престојувал Роналд во Сент Луис
Дури во 1971 година, Вилијам Питер Блати ја издал книгата „Егзорцист“, за која користел записи од дневници кои наводно им припаѓале на свештениците што учествувале во егзорцизмот.
Книгата брзо станала бестселер, а две години подоцна беше и инспирација за филмот The Exorcist.
Нормално, се дебатира за тоа колку вистина има во приказната на Роналд До. Сепак, единствените извори се дневниците на свештениците, а никој не се потрудил да истражи повеќе за реалната состојба на Роналд.
Спирова С. | Црнобело
