„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна облека“

Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите кои се спуштат и до -40 степени Целзиусови се норма. Вели дека својата колиба ја затоплува со шпорет на дрва, а пред влезната врата има закачено огромно волнено ќебе за да не го излади домот кога ја отвора.

zhiveam-na-aljaska-kade-temperaturite-vo-zima-se-40-c-se-gream-na-drva-nosam-volnena-dolna-obleka-01.jpg

Џош Спајс од САД живее на Алјаска, во гратче каде што врне снег најмалку осум месеци од годината, а во зима има едвај шест часа дневна светлина.

Тој работи како ренџер во националниот парк Gates of the Arctic и иако не е инфлуенсер, на Инстаграм сака да споделува детали од неговото необично секојдневие.

zhiveam-na-aljaska-kade-temperaturite-vo-zima-se-40-c-se-gream-na-drva-nosam-volnena-dolna-obleka03.JPG

Џош живее на Алјаска веќе 16 години и редовно се соочува со температури кои се спуштаат и до -40 степени Целзиусови.

Па, вели дека едно од најважните нешта е да се осигури дека неговиот дом е доволно затоплен во најстудените денови.

Минатиот јануари имало неколку ноќи кога температурата се спуштила до -41 степени Целзиусови и Џош истакнува дека температурната разлика од надвор и неговата колиба била дури 60 степени Целзиусови.

„Кога ја отворам влезната врата… Боже, студениот воздух што влегува е брутален“.

zhiveam-na-aljaska-kade-temperaturite-vo-zima-se-40-c-se-gream-na-drva-nosam-volnena-dolna-obleka-02.JPG

Па, за да го одржи домот топол, Џош вели дека обично закачува огромно волнено ќебе пред врата.

На овој начин, кога ќе ја отвори, ќебето блокира дел од студениот воздух, па не губи многу топлина.

Џош истакнува и дека особено важно е добро да го изолира домот и да нема ниту едно дупче од кое влегува воздух однадвор.

„Дури и најмалиот отвор од кој влегува воздух и кој е незабележлив во пролет и лето, може да ви изгледа како студен ветер во колибата во зима“.

zhiveam-na-aljaska-kade-temperaturite-vo-zima-se-40-c-se-gream-na-drva-nosam-volnena-dolna-obleka04.JPG

Тој открива дека ја затоплува својата кабина со шпорет на дрва.

„Шпоретот на дрва е клучен бидејќи добро загрева, а не создава влага. Ниската влага значи дека и потта од кожата се суши побрзо, што значи и телото не губи многу топлина.

Ова е особено важно кога ќе се вратам од надвор и сум почнал да се потам под многуте слоеви облека. Ако потта остане на моето тело, тогаш потешко ќе се затоплам“.

Друг проблем е и што влагата често е претвора во мраз, па Џош вели дека најдобро воздухот во кабината да биде што е можно посув.

Што се однесува до облеката што ја носи надвор, Џош вели дека можеби најважни се чизмите, кои се неколку броеви поголеми, за да може да облечи неколку пара чорапи.

Додава дека не излегува од дома и без волнена долна облека бидејќи ја задржува топлината. Врз неа, пак, носи неколку слоеви облека, пред да ја облече дебелата зимска јакна.

Повеќе фотки од Џош во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg