Сосед ѝ истурил киселина бидејќи бил опседнат со неа: Потресната приказна на Наталија од Колумбија
Друг проблем за Наталија бил и нејзиниот изглед.
„Кога првпат се погледнав во огледало, речиси умрев. Не можев да се препознаам. Бев чудовиште. Си помислив дека нема поента да живеам вака“.
Наталија многупати помислувала на самоубиство, но по неколку операции, изгледот почнал да ѝ се подобрува и таа почнала да го сака своето ново лице.
„Тетка ми ми даде мало огледало и секогаш го носам со себе. Сега веќе не се плашам да погледнам во него“.
Иако се здобила со сериозни повреди, Наталија вели дека е благодарна што преживеала.
„Има изрази на лицето, имам кожа, ги имам моите карактеристики – моите очи, нос и уста. За среќа, не изгубив ништо.
Немав изгореници на вратот, ниту на градите. Не ги изгубив дланките, прстите, ушите“.
Свесна дека нападите со киселина се многу чести во Колумбија, Наталија решила дека ќе ја искористи својата приказна за да се бори против ова.
Неколку месеци по нападот, започнал кампања која резултирала со нов закон кој го носи нејзиното име. Според овој закон, луѓето кои ќе извршат напад со киселина добиваат и до 50 години во затвор.
Истовремено, на жртвите им се овозможува медицинска нега која вклучува реконструктивни операции и психолошка терапија.
Во 2015 година, Наталија издаде книга, а и до денес е активна – држи говори, дава интервјуа и се обидува да им помогне на другите кои се нашле во иста положба како неа.
Спирова С. | Црнобело
