„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“
„Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше. Штом ајкулата ме зграпчи, не можев да викам за помош, не можев да зборувам, да пливам или да направам што било“, раскажува млада девојка која изгубила две третини од својата крв по напад од ајкула, но се спасила.

Во јули 2024 година, Лулу Грибин, нејзината сестра близначка Ели и група пријатели отишле на плажа во Флорида.
Лулу влегла во водата и не се оддалечила многу од брегот, кога ја нападнала ајкула која ѝ ја одгризала левата дланка и дел од десната нога.
Младата девојка, која тогаш имала 15 години, вели дека не ја ни забележала ајкулата и била во состојба на шок, најмногу бидејќи водата ѝ достигнувала едвај до половината.
Вели дека поради шокот, не почувствувала ни болка и сфатила што се случува дури кога ја кренала левата рака.
„Немав дланка. Имаше само огромна рана и мислам дека си ја видов коската“.
Од нападот Лулу изгубила дури две третини од својата крв, но сепак преживеала.
„Главната артерија во ногата на Лулу беше скината. Обично кога се случува ова, можете да искрвавите до смрт за 30 секунди. Нo, еве ја Лулу, жива е“, раскажува мајка ѝ.
Лулу се сеќава дека слушнала како некој извикал „ајкула“ пред да биде нападната, но вели дека овие мигови сега ѝ се како во сон.
„Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но моето тело не реагираше.
Штом ајкулата ме зграпчи, не можев да викам за помош, не можев да зборувам, да пливам или да направам што било“.
Лулу била спасена од двајца мажи кои стоеле покрај брегот.
„Ме спаси. Ајкулата ми беше закачена за ногата, а тој ја удри за да ме пушти. Дојде и друг маж.
Изгубив свест додека ме носеа кон брегот. Кога се разбудив видов луѓе околу мене кои ми ги преврзуваа раните“.
