„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“
Кога се случил нападот, и сестра ѝ Ели била во водата која првo не знаела дека Лулу е нападната.
„Излегов на брегот и кога се свртев видов крв во водата. Сфатив дека се случило нешто ужасно, но не знаев дека е Лулу“.
Кога Ели видела дека сестра ѝ е со сериозни повреди, си рекла дека мора да проба да ја теши.
„Ѝ ја држев главата и ѝ велев да продолжи да дише, ѝ кажував дека може да се избори. Само сакав да ѝ ги оттргнам мислите од она што се случува“.
Лулу имала огромна среќа бидејќи на плажата имало тројца лекари кои веднаш успеале да го забават крвавењето додека да ја однесат во болница. Денес таа ги нарекува „ангелите од плажата“.
Девојката била пренесена во болница со хеликоптер, а и самите лекари не биле сигурни дека ќе преживее.
Но, следното утро Лулу се разбудила и било јасно дека поминал најкритичниот период.
На Лулу ѝ биле направени девет операции, а по 77 дена на рехабилитација, Лулу добила и протетичка нога.
Вели дека тоа што одново учела да оди е еден од најтешките делови од нејзиното искуство.
Денес Лулу се чувствува многу подобро, уште оди на истата плажа во Флорида, а вели дека сонува да е натпреварува на Параолмпските игри.
Спирова С. | Црнобело
