Ладнокрвно убил човек, па тврдел дека бил „опседнат од ѓаволот“: Вистинската приказна зад The Conjuring 3
Во раните 1980-ти, 19-годишен дечко од мало гратче во Конектикат убил маж. На големо изненадување на сите, на суд се бранел со тврдењето дека бил опседнат од ѓаволот и дека не го ни помни убиството. На негова страна застанале и Ед и Лорејн Ворен, кои дотогаш бил познати како „истерувачи на натприродни сили“.

The Conjuring се претвори во еден од најпопуларните и најдобро оценуваните серијали од жанрот хорор, а она што ги прави филмовите уште повозбудливи е фактот дека се правени според вистински приказни.
Протагонистите во серијалот – Ед и Лорејн Ворен – биле вистински личности кои го поминале животот борејќи се против „натприродните сили“.
Вистинските Ед и Лорејн Ворен
Како брачен пар, им помагале на луѓе кои наводно биле опседнати од духови, демони и други зли нешта, а имале и свој музеј каде што ги чувале сите опасни, опседнати предмети што ги наоѓале на своите патувања.
Во модерно време станува потешко да се верува во демони и натприродни сили, но тоа не значи дека приказните од животот на Ед и Лорејн не се морничави.
Ед и Лорејн Ворен
Третото продолжение од серијалот, The Devil Made Me Do It, се фокусира на еден од повознемирувачките случаи на кои работеле Ед и Лорејн – убиство извршено од страна на 19-годишно кое тврдело дека е опседнато.
Во 1981 година, Арне Шејен Џонсон го убил сопственикот на станот во којшто живеел. Инцидентот се случил во мало гратче во Конектикат, каде во 193-те години од неговото основање, немало ниту едно друго убиство.
Како во филмот, Арне бил изеден на суд и, на големо изненадување на сите, се бранел со тврдењето дека бил опседнат од ѓаволот кога го извршил убиството.
Детали за вистинската приказна зад The Conjuring 3:
Пред убиството на неговиот газда, Арне Шејен бил примерен дечко со никакви инциденти зад себе.
Живеел во гратчето Брукфлд во Конектикат, а имал и свршеница – Деби Глацел – која, пак, имала помал брат.
Околу една година пред убиството, братот на Деби, 11-годишниот Дејвид, почнал да се однесува чудно.
Вистинските Ед и Лорејн со Дејвид
Наводно, на Арне и Деби им кажал дека го малтретирал стар маж со големи црни очи и рогови.
Со цел да помогне, Арне практично се преселил во домот на семејството на Деби, но наводно овде почнал да слуша некакви гласови.
Арне фотографиран пред судница
Загрижени за целата ситуација, родителите на Деби и Дејвид решиле да ги контактираат Ед и Лорејн Ворен, кој дотогаш биле познати „истерувачи на духови“.
Брачниот пар заклучил дека Дејвид е опседнат од демон, иако претходно детето добило дијагноза за нарушување што му го отежнува учењето.
