Ладнокрвно убил човек, па тврдел дека бил „опседнат од ѓаволот“: Вистинската приказна зад The Conjuring 3
Игнорирајќи ја дијагнозата на лекарите, Ед и Лорејн, заедно со неколку свештеници, извршиле три егзорцизми над Дејвид.
Според Ед и Лорејн, детето дури и левитирало, но и предвидело дека Арне (убиецот) ќе убие некој.
Сцена од филмот The Conjring 3
По третиот неуспешен егзорцизам, Арне наводно му рекол на демонот да го остави Дејвид на мир и да го „земе“ него.
Како што самиот Арне подоцна тврдел во суд, по некое време почнал да паѓа во транс и да халуцинира, а потоа немал сеќавања за она што му се случувало.
Неколку месеци подоцна, на 16-ти февруари 1981 година, Арне отишол во засолниште за кучиња за да се сретне со девојка му Деби.
Засолништето било во сопственост на Алан Боно – истиот маж кој му издавал и куќа на Арне.
Ед и Лорејн Ворен
Деби работела во засолништето и се грижела за кучињата, а тој ден со себе ја понела нејзината деветгодишна братучетка.
Во засолништето дошол Алан Боно, пијан, и наводно ја фатил братучетката за рака.
Според сведоштвото на Деби, дечко ѝ Арне сакал да ѝ помогне на братучетката, но почнал да се однесува многу агресивно и на крај го избодел Алан во стомакот и градите.
Арне бил уапсен речиси веднаш и поминал неколку месеци во притвор, до судењето во ноември истата година.
Арне пред судница
Во судница, Арне стоел на ставот дека не се сеќавал на ништо од убиството бидејќи тогаш бил опседнат.
Како во филмот, и во реалноста Ед и Лорејн Ворен пробувале да ја потврдат приказната на Арне.
Секако, не успале да докажат дека Арне бил опседнат од демон и на крај бил осуден на 10 до 20 години затвор за убиство.
Самиот Ед Ворен, пак, тврдел дека Арне не бил опседнат од ѓаволот, туку од дури 43 различни демони.
Сцена од филмот
Арне отслужил пет години во затвор, а завршил средно за решетки.
Кога го ослободиле имал 24 години и набрзо потоа се венчал и со свршеницата Деби.
Венчавката на Арне и Деби
Во 1983 година била издадена книга за неговиот случај, која станала толку популарна, што едниот од браќата на на Деби, Карл, морал да го напушти Конектикат поради вниманието што го добивал.
Деби со нејизните браќа
Додека Ед и Лорејн Ворен стоеле зад своите приказни, токму Карл тврдел дека лажат, па дури и ги тужел за искористувале на неговото семејство за парична добивка.
Во 2007-ма, пак, Карл откри дека брат му Дејвид навистина имал проблеми со менталното здравје и дефинитивно не бил опседнат.
Прочитајте и: Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавиот хорор-филм, The Exorcist
Спирова С. | Црнобело
