Најдобриот затвор на светот

najdobriot-zatvor-na-svetot-povekjeНа островче, на околу 70 km од Осло, се наоѓа најубавиот затвор на светот. Пред да почнете да коментирате дека затворот не ни треба да биде...


...убав, пазете да не ве чујат Норвежаните! На нивното рајско островче за затвореници нема место за решетки и вооружени стражари.

Наместо куп забрани и ужасни услови поради што затворениците само стануваат погневни, норвешкиот систем се обидува да ги поттикне самите затвореници да посакаат да прераснат во подобри луѓе.

najdobriot-zatvor-na-svetot-1

najdobriot-zatvor-na-svetot-2

Стотината затвореници живеат во мали куќарки што ги уредуваат по свој вкус, се облекуваат како што сакаат, одат на плажа, ловат риби, вежбаат во теретана, имаат бенд, посетуваат курсеви и предавања и од понеделник до петок одат на работа од 8:30 до 15:30. Иако се платени по 8 евра на ден, дополнително добиваат и пари за храна. Храна и други ситници си купуваат од локалната продавничка, а по работното време им следува вечера подготвена од затворениците вработени како готвачи.

najdobriot-zatvor-na-svetot-3

najdobriot-zatvor-na-svetot-4

Само три-четворица од стражарите преноќуваат на островот. Да се избега е неверојатно лесно, но скоро никој не се обидува да го стори тоа затоа што сите затвореници се свесни дека откако ќе ги најдат би ги сместиле во установа со многу полоши услови. Судејќи според однесувањето на затворениците, норвешкиот систем одлично функционира - тие ја ценат укажаната доверба, не прават проблеми и посветено учат нови вештини и штедат пари благодарни за шансата за нов, нормален живот. Мирниот остров и работата во природа ги менува на подобро и им влијае до таа мера што еден од затворениците истакнува дека иако по истекување на казната ќе живее во стан, ќе се потруди да си направи своја мала градина.

najdobriot-zatvor-na-svetot-5

На оние кои не се согласуваат со ваков казнен систем, им препорачуваат да си замислат дека нивниот сосед треба да излезе од затвор.

Од какво место би сакале да излегува личноста која живее веднаш до вас?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава