Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Оливија од САД
Се претпоставува дека Кели се стекнала до повеќе од половна милион долари на овој начин, од кои дел во форма на подароци.
Во 2017 година, состојбата на девојчето почнала да се влошува. Во болница се хранела преку цевка, но сепак имала неисхранетост.
Кога состојбата дополнително ѝ се влошила, мајка ѝ Кели побарала да ја отстранат цевката за хранење.
Истовремено, побарала лекарите да не пробуваат да ја вратат во живот доколку состојбата дополнително ѝ се влоши.
Наводно, Кели им рекла на докторите дека ќерка ѝ само се измачува и дека е јасно дека нема да ѝ биде подобро. Па, затоа сметала дека е најхумано да дозволи да почине.
Кога девојчето починало, како причина за смртта биле наведени сериозни проблеми со цревата.
Сепак, на лекарите целата ситуација им била сомнителна.
Па, кога следната година Кели дошла во болница со другата ќерка, решиле да почнат да истражуваат.
Кели тврдела дека другата ќерка чувствува болки во коските, па лекарите веднаш ги известиле надлежните.
Дознале за донаторските акции и сфатиле дека ги лажела луѓето кои донирале за ќерка ѝ Оливија.
На GoFundMe, Кели тврдела дека Оливија имала тумор на мозокот и што уште не, но не приложила никаков доказ.
Во 2018-та, надлежните решиле да го ексхумираат телото на девојчето, направиле аутопсија и утврдиле дека воопшто не страдало од болестите што ги навела Кели.
Во меѓувреме, ја одделиле Кели од другата ќерка и забележале дека девојчето веќе нема никакви симптоми.
Истата година Кели била уапсена и е обвинета а малтретирање дека, како и измама со донации.
Се наоѓа во затвор, каде отслужува 16-годишна казна.
Нејзиниот случај предизвика лавина реакции, најмногу бидејќи лекарите не ја спречиле навреме и дозволиле случајот со Оливија да ескалира и да заврши трагично.
Што се однесува до другите две ќерки, таа веќе нема старателство над нив.
Спирова С. | Црнобело
