12 најиритантни работи со кои луѓето ги нервираат другите луѓе (и добиваат тивка осуда)
Луѓе кои мислат дека насилното однесување на нивното дете кон мали животни е „смешно и забавно“. Иритираат, нели?

Дали некогаш тивко и во себе им судите на другите за несоодветното однесување?
Ве нервираат ли луѓе кои судат за другите затоа што излегуваат облечени во комфорна облека?
Се дотерале, па гледаат од високо... Иритантно, нели?
Кои други навики и однесувања на луѓето ги нервираат другите луѓе?
1. Луѓе кои ги пуштаат своите видеа на цел звук во јавни простори и без мака си гледаат.
2. Луѓе кои мислат дека насилното однесување на нивното дете кон мали животни е „смешно и забавно“.

3. Луѓе кои немаат свест за ситуацијата - застануваат среде пат во маркет, блокирајќи го патот на другите.
4. Кога луѓето се непристојни во ресторани кон келнерот.
5. Луѓе, кои не кажуваат „те молам“ или „благодарам“.
6. Луѓе кои судат за другите затоа што излегуваат облечени во комфорна облека.

7. Луѓе кои зборуваат на звучник во јавност и мора сите да им ги слушаат разговорите.
8. Луѓе кои не покриваат уста кога киваат или кашлаат.
9. Луѓе кои го снимаат секој миг од некој настан и им пречат на тие зад нив (од нивните раце и телефон не можат да гледаат).

10. Луѓе кои доцнат буквално на сè и секаде.
11. Луѓе кои не придржуваат врата за другите и оние кои не се благодарни кога некој им држи врата.
12. Луѓе кои по користење на (јавен) тоалет не мијат раце.
С. С. | Црнобело
