Поради деформитет имал само 2 прста на дланките, го убил свршеникот на ќерка му: Мрачната приказна за „момчето јастог“
Кога ќерката на Грејди била тинејџерка, се свршила со нејзиниот дечко.
Не е познато што точно се случило, но дента пред свадбата, отишол кај свршеникот на ќерка му, го застрелал со пушка и го убил.
Грејди бил изведен на суд каде признал дека воопшто не жали за убиството. Но, истакнал дека не можат да го затворат бидејќи ниту еден затвор не би можел да ги задоволи неговите специјални потреби поради нарушувањето.
Истовремено, дотогаш Грејди имал цироза поради алкохолизмот, и се бранел со тврдењето дека во таква состојба е нехумано да биде држен во затвор.
Излегло дека Грејди бил во право, па добил само 15-годишна условна казна и се вратил дома.
Во меѓувреме, првата сопруга го оставила, тој се преженил и добил уште две деца со втората сопруга.
Но, и тие ја трпеле истата тортура, па по некое време и втората сопруга го оставила.
Поради некоја причина, неколку години подоцна, првата сопруга на Грејди се согласила повторно да стапи во брак со него.
Бидејќи избегнал затворска казна, Грејди мислел дека е над законот, па тепањето и физичкото насилство станале уште поизразени.
Неколку години откако му дала втора шанса, Марија веќе не можела да го трпи малтретирањето, па му дала 1.500 долари на 17-годишно момче за да го убие Грејди.
Во ноември 1992 година, момчето, заедно со уште еден дечко, го застрелал и го убил Грејди.
Марија, како и момчињата што го извршиле убиството биле изведени на суд и не ја криеле вината.
Марија ја искористила можноста да раскаже за насилството што го трпела од Грејди. Истакнала и дека била сигурна дека кога-тогаш ќе ги убие.
На крај, момчето што го убило Грејди добило 27 години зад решетки, додека Марија – 12 години затвор.
Додека траело судењето, Грејди бил погребан, но според изворите, бил толку омразен, што на погребот не присуствувал апсолутно никој.
Погледнете и: Лицето ѝ се дефомирало од болест, била нарекувана „најгрдата жена во светот“ – Тажната приказна на Мери Ен Беван
Спирова С. | Црнобело