Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (видео)
Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел, откако сподели видео во кое покажува како може да се пере валкана долна облека во бокал за вриење вода, додека е во хотелска соба на патување.

Сигурно многупати сте се запрашале дали додека сте во хотелско сместување има нешто што не е чисто или безбедно за користење.
И вистината е дека има, секако зависно од хотелот и стандардите, но има предмети кои е подобро да си ги исчистите пред употреба.
Прочитајте: „Во повеќето хотели не се перат заштитните прекривки на креветот“ и уште неколку тајни за хотелите од поранешна рецепционерка
Но, веројатно никогаш не сте помислиле дека бокалот за вриење вода или кафематот може да биде грозен, сè до овој момент.
На социјалните мрежи веќе подолг период вирално се споделува трик од фитнес инфлуенсерката Тара Вудкокс, која сподели „совет“ за тоа што може да направите ако сте на патување и немате доволно чиста долна облека.

Во видеото таа вели дека облеката треба да се стави во делот каде што се ставаат зрната кафе и да се пушти да тече „дозата“, така што топла вода ќе минува низ ткаенината, откривајќи дека трикот го научила од пријателка која е стјуардеса.
Погледнете го видеото:
Тара воопшто не е прва која го споделува ова, а пред неа имало дури и такви кои откриваат дека долната облека може да се пере и во електричниот бокал за вриење вода.
https://www.tiktok.com/@its.joeys.world/video/7062433089582025989
Иако сите тврдат дека никој од нив не го направил тоа, туку само го споделуваат како совет зошто не треба да се користат овие апарати во хотел, сепак е грозно што се шири вирално и веројатно некој некогаш го пробал...
Сега, неколку месеци подоцна, на социјалните мрежи кружат шпекулации дека Тара се соочува со тужба од хотелот (непотврдена информација), заради загрозување на репутацијата и финансиска штета заради тоа што морале да ги обноват кафематите во хотелските соби откако неколку гости се пожалиле по нејзиното видео.
Таа се огласи на својот Инстаграм профил на темата, заблагодарувајќи им на сите кои ја бранат и нагласувајќи дека трикот го дознала од пријателка стјуардеса, а само сакала да каже зошто не е безбедно да се користат хотелските кафемати, иако во видеото не нагласи дека тоа ѝ е целта...
М. М. | Црнобело
