Трагичната судбина на бившиот на Кети Пери: По сообраќајка си ја уби сосетката и скокна од покрив на куќа
Актерот Џони Луис бил еден од ретките кои наместо забави, дрога и алкохол сакале поезија и филозофија. Но, по сообраќајна несреќа неговото однесување драстично се променило, станал насилен, завршил и во затвор, за на крај да изврши самоубиство. Бидејќи неколку години претходно беше во врска со Кети Пери, се шпекулира дека нејзината песна The One That Got Away е напишана за него.

Џони Луис се прослави со улогата во серијата Sons of Anarchy, но остана запомнет како „актерот кој си ја уби сосетката, а потоа изврши самоубиство“.
Тој беше и во врска со Кети Пери од 2005 до 2007 година, а пејачката наводно тешко се справила со загубата.
Се шпекулира и дека некои нејзини песни, особено The One That Got Away, се инспирирани од него.
Што точно му се случило на Џони и зошто одлучил да си го одземе животот?
Џони Луис, кој е роден во 1983-та во Лос Анџелес, ја почнал актерската кариера на многу рана возраст – мајка му го носела на аудиции уште на шестгодишна возраст.
Брзо почнал да напредува, па по неколку снимени реклами, почнал да добива мали улоги во серии како Malcolm in the Middle, Drake & Josh, The O.C. и Criminal Minds.
Од денешна перспектива можеби е тешко да се поверува, но Џони бил еден од ретките млади актери во Холивуд кои ги прескокнувале забавите.
Не користел ниту дрога, ниту алкохол, а омилени теми на разговор му биле поезија и филозофија.
Во 2005 година почна врска со Кети Пери која тој период уште беше непозната пејачка.
Се разделија во 2007-ма, една година пред Кети Пери да ја издаде I Kissed a Girl – хитот што ја направи ѕвезда.
Во меѓувреме и кариерата на Џони се движеше во нагорна линија и во 2009 година доби улога во серијата Sons of Anarchy.
Но, по две сезони си замина од серијата бидејќи, според него, станала премногу насила.
Овој период тој беше во брак со актерката Дајен Маршал Грин, а тоа што остана бремена била уште една причина зошто Џони „крена раце“ од популарната серија.
Тој сакал да почне да пишува книга и веројатно да почне да се фокусира на други, за него поважни работи во животот.
За жал, токму овој период го означува почетокот на неговата пропаст.
Кратко откако им се родила ќерката, врската на Џони и Дајен се влошила, па тие се разделија.
Со ова, Џони започна жестока судска битка за старателство, за на крај да ја изгуби.
Околу една година подоцна, кон крајот на 2011-та, Џони направи сообраќајка со неговиот мотоцикл.
Според неговото семејство, лекарите не констатирале сериозни повреди, ниту потрес на мозокот, но по сообраќајката неговото однесување почнало да се менува.
Иако блиските го молеле да оди на лекар и да направи магнетна резонанција на мозокот, тој упорно одбивал.
Тоа што некогаш почнувал да зборува со чуден британски акцент дополнително го загрижувало неговото семејство.
Неполна година по сообраќајката, Џони станал насилен – нешто што било несвојствено за него.
Додека отседнувал во куќата на неговите родители, Џони провалил во домот на соседите. По него влегле и двајца мажи кои го замолиле да ја напушти куќата.
Наместо да ги послуша, Џони почнал тепачка и двајцата мажи ги удрил со празно стаклено шише.
Нормално, бил уапсен и обвинет за провала и напад, по што бил однесен во притвор.
Овде Џони силно си ја удрил главата од бетонски ѕид, а дури и пробал да скокне од вториот кат на којшто се наоѓал.
По овој инцидент бил присилно затворен во ментална установа каде што поминал 72 часа.