Трагичната судбина на бившиот на Кети Пери: По сообраќајка си ја уби сосетката и скокна од покрив на куќа
Џони не ја добил соодветната помош и во наредните месец-два состојбата само му се влошувала.
Еднаш пробал да изврши самоубиство, станал хиперсензитивен на светлина, се степал со маж, влегол во океанот со облека и пробувал да провали во туѓ дом.
Бидејќи бил условно ослободен, полицаецот кој бил задолжен за него почнал сериозно да се загрижува за состојбата на актерот.
Како што кажал самиот полицаец, тој сметал дека Џони претставува закана не само за другите, туку и за себе.
Неговите блиски, пак, подоцна во интервјуа имаат откриено дека веќе не го препознавале:
„Џони беше потполно друга личност. Изгледаше како воен ветеран кој видел секаков хорор.
Сеќавањето му беше на сите страни. Некогаш правеше свесен разговор, но потоа се губеше“.
Конечно, Џони бил однесен во психијатриска установа каде што состојбата како да му се подобрила. Добил дијагноза за шизофренија и биполарно нарушување, за што добил и соодветни лекови.
Дека состојбата колку-толку му се подобрила покажува и запис од неговиот дневник од јули 2012 година:
„Денес се чувствував како да сум цел, комплетиран. Како деловите од мене кои биле украдени додека спиев, а потоа разнесени низ целиот свет, сега да почнуваат да се враќаат“.
Биејќи се чувствувал подобро, Џони сепак требало да помине и време во затвор бидејќи ја прекршил условната казна.
Есента во 2012-та бил однесен во затвор, но наместо една година, го ослободиле по само шест недели бидејќи имало место.
Откако излегол од затвор, неговиот татко му организирал престој во голема куќа со други креативци од Лос Анџелес.
Џони и претходно краток период отсендувал во оваа куќа, па татко му сметал дека е идеално место за да се врати на вистинскиот пат.
Но, по само пет дена во куќата, Џони почнал да се однесува чудно и бил раздразлив.
Според некои извори, можно е да му пречела светлината бидејќи уште бил многу чувствителен неа. Притоа, кога пробала да ги исклучи осигурувачите, повозрасна жена – Кети Дејвис – која исто така отседнувала во куќата го искрала.
Иако не се знае дали овој конфликт бил причина, на 26-ти септември 2012-та Џони влегол во спалната соба на Кети Дејвис и ја убил. Потоа ја убил и нејзината мачка.
Излегол од куќата, па нападнал маж од соседната куќа.
Откако се вратил во куќата во којашто престојувал, се качил на покривот, скокнал и загинал.
Смртта на Џони Луис беше шок за голем дел од јавноста, а некои медиуми тврдеа дека бил под дејство на дрога – нешто што би го објаснило неговото однесување.
Но, аутопсијата покажала дека во системот немал никакви наркотици.
Причината за насилното однесување на Џони се најверојатно сериозните проблеми со менталното здравје – нешто што го потврди и неговиот адвокат.
„Џони Луис имаше проблеми, многу проблеми со менталното здравје. Му препорачував да оди на лекар, да прима терапија, но одбиваше.
Страдаше од психоза која, очигледно, му ја нарушување способноста за расудување“.
Извесен период ги обвинуваа и неговите родители кои се скиентолози поради што не веруваат во психијатриска помош.
Сепак, неговиот татко негираше.
„Неговите родители многу се трудеа. Беа многу силни додека пробуваа да му помогнат.
Но, верувам дека не можеа да направат доволно“, сподели адвокатот на актерот.
Прочитајте и: Договорила романтичен состанок со Ештон Кучер, но била убиена: Детали за злосторствата на „убиецот од Холивуд“
Спирова С. | Црнобело