Дечко ѝ ја задавил откако му раскинала, поминал само 2 години во затвор: Трагичната судбина на актерката Доминик Дан
Доминик тргнала со својот автомобил, а кога Џон ја здогледал, истрчал надвор и скокнал на хаубата за да ја запре.
По овој инцидент Доминик ставила крај на врската без план да му се врати на Џон.
Но, насилникот не се откажувал, па на 30-ти октомври, околу еден месец откако раскинале, отишол пред нејзината куќа.
Во тој миг Доминик вежбала сцена со колегата Дејвид Пакер. Џон ја убедил да поразговараат, па таа излегла надвор, додека Дејвид Пакер останал во куќата.
И, разговорот брзо станал насилен – Џон ја нападнал Доминик и почнал да ја дави, а таа изгубила свест.
Избезумен, актерот Дејвид Пакер повикал полиција, а кога пристигнала, Џон веднаш признал дека ја убил Доминик.
Младата актерка била пренесена во болница и иако ја одржувале во живот со машини, сепак имала мозочна смрт.
По пет дена, нејзините родители решиле да ја исклучат животната поддршка бидејќи немало никаква надеж дека Доминик некогаш ќе се разбуди.
Џон Свини бил обвинет за убиство со умисла, за што тој негираше вина.
На судењето, неговата одбрана тврдеше дека тој не ја убил Доминик намерно и дека делувал „поведен од страстите“.
Според адвокатите, Доминик му рекла дека не планира да му даде уште една шанса иако претходно наводно разговарале за тоа.
Одбраната на Џон бараше да се промени обвинението, односно Џон да одговара за убиство без умисла.
На крај, судијата се согласил, а Џон добил шест и пол години зад решетки, од кои отслужил само две и пол.
Иако сурово ја убил Доминик, Џон си продолжил со животот и по затворската казна и бил вработен како готвач во елитен ресторан во Калифорнија.
Кога семејството на Доминик дозна за ова, тие организираа протести пред ресторан, со транспарент:
„Храната што ќе ја јадете вечерва е приготвена од рацете што ја убија Доминик Дан“.
По неколку протести, Џон самиот си дал отказ и го напуштил Лос Анџелес.
Оттогаш, на Џон му се губи секаква трага бидејќи наводно си го променил и името.
Во 2007 година се огласи таткото на Доминик Дан, кој сподели дека најмил приватен детектив за да го лоцира. Но, по некое време се откажал.
„Не знам каде е. Не ни сакам да знам каде е… Така е поздраво за мене“, сподели во интервју.
Спирова С. | Црнобело
