Дечко ѝ ја задавил откако му раскинала, поминал само 2 години во затвор: Трагичната судбина на актерката Доминик Дан
Доминик Дан, која се прослави со улогата во Poltergeist, имала само 22 години кога нејзиниот поранешен дечко ја задавил пред нејзиниот дом. Таа му раскинала еден месец претходно, бидејќи бил насилен, а и покрај убиството, поминал едвај две и пол години зад решетки.

Веројатно не ја знаете актерката Доминик Дан, но ако сте го гледале филмот Poltergeist, сигурно се сеќавате на неа.
Во филмот од 1982 година, Доминик ја глуми постарата сестра на девојчето кое е опседнато од злобниот дух.
Во 1980-тите, Доминик имаше и други улоги во популарни филмови и серии и веројатно ќе беше мошне успешна.
Но, кратко по премиерата на Poltergeist кој требаше да биде пресвртна точка во нејзината кариера, тогаш 22-годишната Доминик беше убиена од нејзин поранешен дечко.
Детали за животот и трагичната смрт на актерката:
Родена во Калифорнија во 1959 година, Доминик ја започна кариерата со филмот Diary of a Teenage Hitchiker.
Нејзиниот талент веднаш беше забележан, па во 1980-тите доби улоги во неколку серии како Lou Grant, Family, Hart to Hart и Fame.
Poltergeist е филмот што преку ноќ ја направи ѕвезда, а кратко по премиерата, Доминик потпиша договор да се појави и во второто продолжение.
Во меѓувреме, таа работеше и на друга минисерија која беше издадена постхумно.
Во 1981-ва, една година пред нејзината трагична смрт, Доминик го запознала Џон Свини на забава.
Веднаш почнале врска, а по само неколку месеци почнале и да живеат заедно во изнајмена куќа.
Но, за Доминик бајката брзо се претворила во пекол – Џон станувал сè поагресивен, но и насилен.
Постојано ја тепал, а во еден инцидент, толку силно ја повлекол за коса што ѝ искорнал цел прамен.
Доминик веќе почнала да стравува за својот живот, па побегнала и отишла кај мајка ѝ.
Џон ја следел и долго време тропал на вратите и прозорците за да го пуштат внатре. Откако мајката на Доминик се заканила дека ќе повика полиција, тој си заминал.
По неколку денови Доминик се вратила во куќата што ја изнајмувале со Џон и краток период ситуацијата била помирна.
За жал, околу еден месец подоцна, Џон повторно го покажал своето вистинско лице – ја нападнал Доминик и почнал да ја дави.
Викотниците ги слушнал нивен сосед кој влегол и успеал да го оттргне Џон од младата актерка.
Доминик рекла дека ќе оди до тоалет и ја искористила можноста за да избега од прозорецот.
