Го сакал Ендру Тејт, Меланија уште го третира како дете: Скандали кои може да му наштетат на Барон Трамп
Ендру Тејт се соочува со обвиненија за силување и трговија со луѓе, а во јуни ќе оди и на суд. Па, гласините дека му е идол на Барон Трамп не се одразуваат добро врз репутација на синот на Доналд и Меланија.

Барон Трамп има само 19 години, но како син на Доналд Трамп, веќе ужива статус на позната личност.
Иако се држи настрана од јавност, најмногу по барање на мајка му Меланија, Барон сепак е ѕвезда и еден од најпознатите тинејџери во светот.
Но, ни Барон Трамп не може да им избега на скандалите, или барем шпекулациите кои го прикажуваат во лошо светло.
Дел од скандалите кои може да му ја нарушат репутацијата:
Ендру Тејт му бил идол (и го познавал)
Ендру Тејт е позната личност чии фанови се главно момчиња и млади мажи.
Тој продава курсеви со кои тврди дека ќе ги научи мажите како да бидат „вистински мажи“, но за многумина проблем се неговите сексистички ставови кон жените.
Истовремено, Ендру Тејт е обвинет за силување и трговија со луѓе, а во јуни 2026-та треба да се појави и на суд.
И покрај вознемирувачките обвиненија, Ендру има армија фанови, а се шпекулира дека се дружел и со Барон Трамп.
Според некои извори, Барон го гледал Ендру како идол, а неколкупати и разговарал со него.
Но, извори блиски до Ендру тврдат дека ова не е точно, додека портпаролите од Белата куќа одбиваат да одговараат на прашањата поврзани со Барон и Ендру.
Сепак, кога ќе се земе предвид каква личност е Ендру, дури и ако ова се само шпекулации, може да се одрази лошо на репутацијата на Барон.