Го сакал Ендру Тејт, Меланија уште го третира како дете: Скандали кои може да му наштетат на Барон Трамп
Беше вмешан во случај со насилство
Во јануари се дозна дека минатата година, Барон во полиција пријавил физички напад врз девојка.
Според изворите, Барон ја запознал девојката, која е од Русија, преку социјалните мрежи.
Се допишувале, по што решил да ѝ се јави. Иако не очекувал одговор, на телефонот му се јавил 22-годишен маж кој се разгневил, па почнал да ја тепа девојката.
Дечкото бил обвинет за нападот и иако Барон не е виновен за ништо, поврзаноста со случајот лошо се одрази врз неговата репутација.
Покрај тоа, неговите родители биле загрижени што Барон барал девојки онлајн.
„Сите се исплашија од инцидентот. Веќе не е само претпоставка, туку стана вистина.
Штом беше вклучена и полицијата, ова веќе не може да се нарече безопасно тинејџерско флертување.
Не може да се каже дека Барон само се допишувал со девојката, туку имал и чувства кон неа“.
Меланија го третирала како мало дете
Меланија Трамп неодамна самата сподели дека нејзиниот 19-годишен син треба постојано да биде под нејзин надзор:
„Важно е постојано да бидете овде за вашето дете, особено ако сте му потребни, особено ако е на возраст како Барон“.
Попознато е дека Меланија има голема контрола над Барон и не му давала апсолутно никаква слобода.
„Зборува за него како да има пет години. Дали е толку беспомошен што му треба постојан родителски надзор на 19 години?“ – гласи еден од многуте коментари за односот на Меланија со Барон.
Шпекулации за неговите студентски денови
Во 2024 година, барон почна со студии на Универзитетот Њујорк, но почна да се шпекулира дека го избрал овој универзитет бидејќи не го примиле на Харвард.
Сепак, нема никакви докази дека навистина аплицирал на Харвард.
Потоа се зборуваше дека воопшто не се вклопува со другите студенти, па дури и дека се отпишал од факултет.
Но, според портпаролот на универзитетот, тој не се отпишал, туку одлучил да помине еден семестар на кампус во друг град.
Спирова С. | Црнобело