Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизниси
Адриен ја запросил саканата со прстен од 100.000 евра, но во 2017-та, нивниот дом бил ограбен, а прстенот украден.
Крадецот бил уапсен, но прстенот не бил најден.
Иако Адријан се надевал дека конечно ја нашол вистинската, по само три години, таа го оставила и му се вратила на бившиот дечко.
Во 2021-ва, пак, Адријан речиси го изгуби неговиот 13-годишен син кој бил удрен со автомобил со кој управувал неговата 15-годишна сестран.
Детето поминало долго време на интензивна нега и, за среќа, се спасило.
Адријан чувствувал огромна вина за несреќата.
„Сето ова како да го сумира целото искуство на Адријан откако ги доби парите. Што и да направеше, одеше на погрешно“.
Иако имал многу пари, Адријан се мачел со предизвикот да ги вложи во нешто и да изгради свој бизнис.
Неговите блиски го опишуваат како вредна личност која сака да работи, но секоја идеја за бизнис се претворала во пропаст.
Адријан отворил продавница со ретки музички сувенири, вклучувајќи и предмети потпишани од светски ѕвезди, како Битлси.
Бизнисот тргнал добро, но по само четири месеци решил да ја затвори продавницата.
Наводно, наместо муштерии, многу почесто доаѓале луѓе кои му барале пари бидејќи знаеле дека е милионер.
Адријан пробал да отвори паб, па дури и организирал музички фестивал. Но, фестивалот се покажал како неуспешен бидејќи не можел да добие соодветна лиценца.
Во 2024-та, Адријан посадил винови лози со желба да произведува шампањ и наводно ова е бизнис кој уште не пропаднал.
Минатата година, Адријан планирал да направи и детски забавен парк, но не добил дозвола поради локацијата. Во меѓувреме купил неколку имоти кои сега ги издава и кои му носат некаков приход.
Во целата драма, Адријан се свршил уште еднаш, па се разделил и од третата свршеница.
Скршен од болка, цели пет години Адријан не ни помислувал на љубов.
Но, во 2023-та среќата конечно му се насмевнала, кога сретнал пријателка, Трејси Бајлс, што ја немал видено со години.
Почнале врска и според нивните блиски, сега заедно градат живот, настрана од очите на јавноста.
„Тие се нормални луѓе кои сакаат нормални работи. Единствена разлика е што имаат 80 милиони во банка.
Доброто е што градат заеднички живот, но Адријан постојано се прашува дали ова ќе трае или повторно ќе го искуси проклетството.
Неговите блиски се надеваат дека ова конечно е неговиот среќен крај“.
Прочитајте и: По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган
Спирова С. | Црнобело
