„Живеам на инстаграмџиска улица – полуголи инфлуенсерки позираат во двор и ми ги берат цвеќињата, пекол е“
Понекогаш пристигнуваат во 7 часот наутро, со часови се средуваат, за да постигнат моделски изглед.
Некои соседи толку се изнервираа, што почнаа да си ги фарбаат вратите во кафеава или црна боја само за да ги оттргнат, но не успева, тие тероризираат ден по ден.
Посебно ја сакаат мојата улица со своите бели штуко куќи, расцветани магнолија и црешови дрвја, зачинето со можноста да се појави некоја позната личност – модел, фудбалер или водител.
И јас понекогаш уживам во тоа како и сите, но овие постојани фотосесии влијаат на сечиј живот овде.

Сведочев како еден сосед си доаѓа дома и на скалите му седеа 4 непознати девојки. Тие дури си земаа за право да го прашаат дали може да почека додека да го завршат видеото.
Секогаш ме интересира каде заминуваат потоа, бидејќи никој од нив не живее во Кенсингтон или во Нотинг Хил.
Мојата мала влезна врата не е толку привлечна како другите, но сепак, тоа не ми помага да не ги слушам апаратите. Пред мојата врата си ги оставаат сите работи што не им требаат.
Имам убава грмушка со камелија цветови во градината, а понекогаш тие се прекачуваат, кинат цвеќиња и ги фрлаат во воздух додека позираат.

И јас сум за правење убави фотки, но на туѓ имот? Тоа е вознемирување.
Ако бев на местото на моите соседи, ќе им истурав кофи со вода низ прозорец, иако се плашам дека и тоа би го претвориле во можност за добра фотка.
Се надевам дека од ова заработуваат пари, во спротивно, која е поентата?“

M. M. | Црнобело
