Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд?
Цела година Душан ги шпионирал нацистите кои ни за миг не се сомневале во него. Бидејќи го ценеле, му давале многу пари и Душан навистина живеел како Џејмс Бонд.
Бидејќи нацистите му верувале, Душан направил план за да украде голема сума пари од нив, а токму поради овој план ќе го запознае Иан Флеминг.
На нацистите им кажал дека сака да направи база за шпиони во Англија, па тие веднаш му дале голема сума пари - околу 50.000 долари.
Нормално, Душан не планирал да прави никаква база, туку сакал да ѝ ги даде парите на британската MI6.
Во 1941 година, носејќи ги парите со себе, Душан влегол во казино во Португалија каде што требало да им ги предаде на Британците.
Овде бил Иан Флеминг кој тогаш бил офицер испратен од Британците. Неговата задача била да се осигури дека Душан нема да направи нешто глупаво со парите, како да ги потроши.
Но, бизнисмен од Литванија изјавил дека ако некој сакал да се коцка на неговата маса, може да ја понуди која било сума, а бизнисменот ќе додадел уште исто толку пари.
Душан извадил 50.000 долари, а Иан Флеминг сериозно се загрижил дека целата операција е уништена.
Но, бизнисменот се повлекол бидејќи казиното не сакало да го поддржи во случај да ги изгуби сите пари.
Наводно, на крај Душан само ги собрал парите и рекол дека казиното не треба да им дозволува на луѓето како бизнисменот да се коцкаат бидејќи биле навреда за „сериозните играчи“.
Во првата книга со Џејмс Бонд – Casino Royale – има многу слична сцена, па се верува дека оваа ситуација е инспирација.
Ова, е секако, најмалку возбудливата мисија на Душан Попов и додека траела Втората светска војна, тој бил вклучен во неколку важни настани.
Германците го терале да најде информации за воената база Перл Харбор, а според неговите тврдења, тој им кажал за ова на ФБИ.
Но, наводно, тогашниот директор Џ. Едгар Хувер го игнорирал извештајот бидејќи не го сакал Душан.
Неколку месеци подоцна, Јапонија ја нападна базата, па официјално и САД стана дел од војната.
Душко имал уште низа мисии додека траела војната, а по нејзиното завршување во 1945 година се преселил во Франција.
Оттогаш се држел настрана од јавниот живот и единствено во 1970-тите издаде мемоари за неговите премрежја.
Почина во 1981-ва, на 69-годишна возраст, како последица од многу алкохол и пушење – „активности“ што му се омилени и на самиот Џејмс Бонд.
Спирова С. | Црнобело
