Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескобар?

Откако надлежните го лоцирале во Меделин, Ескобар пробал да избега трчајќи по покривите на куќите од неговата населба.

Бркотницата завршила со неговото убиство.

tatko-izgorel-20-milioni-dolari-kesh-za-da-ja-stopli-zhivee-vo-strav-kade-ischezna-kjerkata-na-eskobar-03.JPG

По неговата смрт, неговата сопруга, заедно со децата, побегнале од Колумбија. Но, ниту една држава не сакала да им даде азил.

Тие пробувале да отидат во Мозамбик, Јужноафриканска Република, Еквадор, Бразил и Перу, но безуспешно.

Конечно во 1994-та, користејќи лажни имиња, успеале да се преселат во Аргентина.

Поминале неколку мирни години, пред сопругата на Ескобар и син му Хуан Пабло да бидат уапсени во 1999 година.

Биле обвинети за фалсификување документи и перење пари, поминале неколку месеци во затвор, и потоа биле ослободени поради немање доволно докази.

tatko-izgorel-20-milioni-dolari-kesh-za-da-ja-stopli-zhivee-vo-strav-kade-ischezna-kjerkata-na-eskobar-9.JPG

До апсењето на мајка ѝ и брат ѝ, Мануела живеела со нив, во зграда во Буенос Аирес.

Според некои колумбиски медиуми, тие имале милиони долари кеш, но сепак не живееле раскошно.

Но, овој живот, до апсењето, можеби бил добар за Мануела бидејќи одела на училиште, па дури успеала да стекне и пријатели на нејзина возраст.

Сепак, апсењето на брат ѝ и мајка ѝ го променило сето ова.

tatko-izgorel-20-milioni-dolari-kesh-za-da-ja-stopli-zhivee-vo-strav-kade-ischezna-kjerkata-na-eskobar-11.JPG

Иако биле ослободени по само неколку месеци, според некои извори, Мануела оттогаш живеела во постојан страв дека некој повторно ќе ѝ го растури семејството.

Со текот на вимето, нејзината мајка и нејзиниот брат почнаа да зборуаат во јавност за Ескобар, а имаат издадено и книги.

Мануела, од друга страна, дава сè од себе да се држи настрана од јавност.

Па, денес важи за една од најпознатите личности кои никој не знае каде се.

tatko-izgorel-20-milioni-dolari-kesh-za-da-ja-stopli-zhivee-vo-strav-kade-ischezna-kjerkata-na-eskobar-10.JPG

Според некои извори, Мануела неколкупати страдала од депресија, а менталното здравје постојано ѝ се влошувало.

Во голема мера, ова била причината зошто се држи настрана од јавност.

Нејзиниот брат, кој сега го користи името Себастијан Марокин, има изјавено дека во една пригода пробала да изврши и самоубиство.

Според него, Мануела уште живеела во страв дека некој ќе ја открие и ако некој го дознае нејзиното вистинско име, ќе се одмазди на нејзиното семејство.

tatko-izgorel-20-milioni-dolari-kesh-za-da-ja-stopli-zhivee-vo-strav-kade-ischezna-kjerkata-na-eskobar-06.JPG

Иако не е потврдено, се верува дека моментално таа живее со нејзиниот брат и неговата сопруга.

Денес Мануела би имала 40-тина години, па уште постои шанса да одлучи да ја раскаже својата приказна.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg