Мистерии решени со помош на Google Maps, од „обични“ луѓе
Исчезнувањето на Полет Ландрије
Полет Ландрије имала 83 години страдала од Алцхајмерова болест кога во 2020-та исчезнала од нејзиниот дом.
Полет живеела во Анден, Белгија, со нејзиниот сопруг, кој ја оставил насамо само неколку минути – излегол надвор за да закачува облека.
Кога се вратил во куќата, Полет не била внатре.
Истиот ден почнала обемна потрага во која биле вклучени соседи на парот, полицајци, како и полициски кучиња.
Со денови не успеале да најдат никаква трага од Полет, па по неколку месеци, почнале да губат надеж дека некогаш ќе дознаат што ѝ се случило.
Мистеријата била решена скоро две години подоцна, кога сосед на парот го разгледувал соседството преку опцијата Street View на Google Maps.

Токму кога исчезнала Полет, пред нејзиниот дом поминувал автомобилот на Гугл кој ги фотографира улиците и ја „уловил“ жената во мигот кога излегувала од куќата.
Соседот веднаш ја известил полицијата, па следејќи го патот по кој се движела Полет, успеале да ги лоцираат нејзините останки.
Се претпоставува дека Полет паднала во јамата каде што биле најдени нејзините коски, не можела да излезе, а поради болеста веројатно не ни викнала за помош.
Па, за жал, починала таму.

Мистериозното убиство во Шпанија
Во 2023-та година, од село во Шпанија исчезнал Кубанец.
Краток период неговото семејство добивало чудни пораки од неговиот број, во кои пишувало дека ја напуштил Шпанија и немало да се врати дома. Потоа телефонот бил исклучен.
Нормално, на полицијата пораките ѝ делувале сомнително, но немале апсолутно никакви докази, па го затвориле случајот.
Околу една година подоцна, некој го разгледувал селото на Google Street View, кога видел маж кој во автомобил ставал нешто што премногу наликувало на тело.

Пријавил во полиција, па детективите успеале да го следат движењето на автомобилот до локација во близина на селските гробишта.
Овде ги нашле останките на исчезнатиот Кубанец.
По некоја случајност, повторно на Street View забележале и жена која носела нешто што наликува на тело во количка и сфатиле дека таа е соучесник во убиството.
Иако ова не било доволно да се уапсат убијците, полицијата сепак можела да започне да гради случај.
По некое време собрале доволно докази, ги идентификувале убијците и ги уапсиле.
Спирова С. | Црнобело
