Што навистина се случува во бракот на Доналд и Меланија (зад затворени врати)?

Според Доналд и Меланија, нивниот брак е совршен, тврдат дека немале ниту една караница, а на првата дама на САД воопшто не ѝ пречело што сопругот немал сменето ниту една пелена и не минувал воопшто време со нивниот син Барон.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-01.jpg

Бракот на Доналд и Меланија е тема на разговор долго пред неговиот прв претседателски мандат.

Откако Трамп беше избран за претседател, уште повеќе почна да се зборува за нивниот навидум чуден однос.

На многу јавни настани изгледа како Меланија воопшто да не го поднесува, а има и неколку снимки на кои се гледа како се трга од него, дури и кога пробува да ја фати за рака.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-11_copy.JPG

Теории за нивниот брак има безброј, но што навистина се случува зад затворени врати?

Според нив, нивниот брак е совршен

Дури и најсреќните парови имаат караници, но Доналд и Меланија тврдат дека ова не важи за нив.

„Ние никогаш не се расправаме. Некогаш не се согласуваме, но тоа е во ред. Јас сум со мојот мозок, тој е со неговиот.

Јас му кажувам што мислам и тој го прифаќа тоа“, сподели Меланија пред неколку години.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-.JPG

И Доналд има изјавено нешто слично.

„Буквално никогаш не сме имале расправија. Многу сме компатибилни и добро се согласуваме“.

Ова го тврди и писателката која ја напиша биографијата на Меланија во 2020-та, според која тие имаат стабилен брак, заснован на разбирање.

„Доналд најпрво ѝ се јавува на Меланија откако ќе одржи говор или кога се соочува со проблем бидејќи ѝ верува. Тој не му верува на многу луѓе“.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-04.JPG

На Меланија не ѝ се допаѓале политичките амбиции на Доналд

Во раните 2000-ти, извесен период Доналд и Меланија беа разделени.

Подоцна Меланија откри дека причината за ова биле амбициите на Доналд да се кандидира за претседател.

Сепак, по само неколку месеци, повторно се смириле и очигледно Меланија одлучила да го поддржи во намерата да почне политичка кариера.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-08.JPG

Доналд ја има навредувано во јавност

Можеби тврдат дека приватно не се расправаат, но Доналд има кажувано навистина лоши работи за неговата сопруга.

Во шоуто на Хауард Стерн, Доналд користеше погрдни зборови за да го опише телото на Меланија во времето на бременоста.

„Жените се надуваат кога се бремени… на вистинските места. Меланија навистина стана чудовиште.

Но, мислам чудовиште во позитивна смисла. Стана многу, многу голема, но на вистинските места“.

Меланија проба да го одбрани Доналд, изјавувајќи дека тој не бил виновен што интервјуто се одвивало така и дека луѓето само сакале да го напаѓаат.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-7.JPG

Доналд ја нарекувал „Џеки на стероиди“

Многу години пред Доналд да се кандидира за претседател, Меланија тврдеше дека ќе го поддржува.

„Ќе бидам традиционална сопруга. Како Бети Форд или Џеки Кенеди. Ќе го поддржувам“.

Сепак, кога дојде ред да го покаже ова, Меланија сподели дека нема да се меша во политика бидејќи тоа е професија на нејзиниот сопруг.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-9.JPG

Но, токму Меланија била од огромна помош на едно од првите официјални патувања на Доналд како претседател.

Според изворите, посетата на папата Франциск можела да заврши катастрофално, но Меланија успеала да го шармира, но и да привлече позитивен публицитет со нејзините стајлинзи.

Поради ваквото позитивно влијание, Доналд почнал да ја нарекува „Џеки (Кенеди) на стероиди“.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-03.JPG

Доналд бил отсутен татко

Доналд воопшто не се грижел за неговиот син Барон што го доби со Меланија, но нејзе не ѝ пречело ова.

„Тој не менуваше пелени и според мене тоа е сосема во ред. Тоа не ми е важно. Важно е да ја познавате личноста со којашто сте во брак.

Сите си ги знаеме нашите улоги. Јас не сакав тој да му менува пелени на Барон или да го заспива. Јас уживав во сето тоа“, сподели Меланија.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-05.JPG

Меланија била потполно поразлична личност приватно

Во јавност, Меланија делува како студена личност, но според некои извори, приватно е многу поразлична.

Ова значи дека и нејзиниот однос со Трамп веројатно е поразличен кога се сами.

Според извор близок до парот, Меланија е многу грижлива личност и го мотивирала и Доналд да биде таков.

А, оваа нејзина страна ја гледал само тој.

„Меланија е како дух. Сите ја знаат, но никој всушност не ја познава“, вели изворот.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-02.JPG

Доналд ја потсетувал на татко ѝ

Таткото на Меланија, Виктор, е само пет години постар од Доналд.

И, наводно, првата дама гледал многу сличности меѓу нив.

„Двајцата се многу вредни личности. Паметни се и способни. Пораснале во потполно различни околини, но имаат исти вредности и ги ценат истите традиции.

Татко ми е семеен човек, со традиција и вреден. Исто таков е и мојот сопруг“, има изјавено Меланија.

shto-navistina-s-sluchuva-vo-brakot-na-donald-i-melanija-zad-zatvoreni-vrati-10.JPG

Експертите се сомневаат дека навистина им цутат рози

Американските медиуми честопати се консултираат со експерти за говор на телото за да можат да ги „прочитаат“ познатите личности, а ова се случувало и за Доналд и Меланија Трамп.

Според некои, според говорот на телото, Меланија се чувствува непријатно во близина на Доналд и меѓу нив сигурно нема љубов.

Други, пак, велат дека можеби приватно се вљубени и среќни, но Меланија едноставно не сака да биде во фокусот на јавноста па затоа реагира така.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Голите фотки на Меланија, пријателството на Доналд и Епстин: Скандалите од кои семејството Трамп не ... Иако денес разголените фотки како да станаа норма, Меланија се соочи со критики ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава