„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше“
„Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го изгребала мачка. Во тој момент имав две реакции – да проверам дали е повреден и да снимам видео за Јутјуб“.

Белен Фернандез од Мадрид била јутјуберка која заработила над 50.000 евра преку нејзиниот канал. Имала речиси половина милион следбеници, а во период од три години, нејзините видеа биле прегледани над 65 милиони пати.
Фокусот на видеата на Белен биле нејзините син и ќерка, но денес најостро ги критикува сите родители кои се инфлуенсери и објавуваат содржини со нивните деца.
Таа вели дека од нејзиното искуство научило дека нивната цел секогаш се пари, без разлика што им кажуваат на другите.
„Гледам инфлуенсери кои имаат деца со посебни потреби и си велат дека ќе ја зголемат свесноста. Или мајки кои ги снимаат нивните мали деца и велат дека само сакаат да создаваат сеќавања.
Но, сето ова се лаги што си ги кажуваат самите за да можат да продолжат да заработуваат“.
Белен вели дека таа самата ги експлоатирала нејзините деца за кликови. Синот на Белен, Диего, има Даунов синдром и таа сфатила дека видеата на кои детето е тажно или вознемирено привлекува најмногу кликови. И, Белен вели дека го злоупотребувала тоа.
„Бев толку задлабочена во каналот што не ја ни гледав цената што ја плаќаат моите деца. Кога ќе се присетам на тој период, сфаќам дека сум била зависна од тоа да го споделувам нашиот живот онлајн.
Позитивниот фидбек од следбениците и парите што ги заработував ме правеа слепа пред последиците што ги трпеа Диего и Џулија“, раскажува Белен.
Таа вели дека сака да го сподели своето искуство бидејќи смета дека многу родители инфлуенсери не се свесни за последиците што ги трпат нивните деца.
Јутјуб кариерата на Белен почнала во 2016 година.
Тогаш 52-годишната Белен била самохрана мајка која се грижела за Џулија (тогаш 15) и Диего (тогаш 14).
„Работев како наставничка по англиски и бев дадилка, но поради Дауновиот синдром на син ми стануваше потешко.
Тој имаше интелектуален развој како на четиригодишно дете, па морав да бидам флексибилна за да можам да се грижам за него“.
Една вечер Белен забележала дека ќерка ѝ Џулија гледа Јутјуб видео со семејство во Лондон.
„Нивните видеа беа забавни и покажува како пазарат во супермаркет и одат на вечера. Ја прашав Џулија дали овие луѓе заработуваат од ова, а таа се насмеа им и рече дека заработуваат бидејќи имаат многу следбеници.
Три дена размислував за ова. Сфатив дека имаме нешто што ќе направи да се истакнеме над другите Јутјуб семејства. Го имав Диего.
Тој беше прекрасно момче, полно со енергија. Знаев дека луѓето ќе бидат среќни кога ќе го гледаат“.
По неколку денови размислување, Белен го снимила првото видео – како се подготвува наутро, како го буди син ѝ, му дава лекови, а потоа како ѝ прави појадок на ќерка ѝ.
Џулија, која денес има 25 години, се присетува на почетоците на Јутјуб каналот:
„Прво мислев дека мајка ми е луда. Не знаеше ништо за Јутјуб. Но видов колку е возбудена, па се согласив да ја средам снимката“.
