„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил заглавен во долгови“
Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, заработувале добро, имале голема куќа, а добиле и дете. Но, нејзиниот сопруг имал две деца од друга жена, но и огромни дологви за кои Лејси воопшто не била свесна...

Ако сте во среќен брак тогаш сигурно безусловно му верувате на партнерот и не ни помислувате дека намерно прави нешто што би ве повредило.
А, дефинитивно никогаш не би ни помислиле дека може да има деца со друга жена за кои не ви кажал.
Лејси Такер од Англија цврсто верувала дека со нејзиниот сопруг Ник имаат совршен брак.
По седум години и две деца заедно, Лејси сосема случајно дознала дека мажот со којшто го дели својот живот за неа е странец.
„Мојот седумгодишен брак излезе дека една голема лага. Без мое знаење, Ник имал тајно семејство“, раскажува 36-годишната Лејси.
Лејси го сподели своето трауматично искуство во неколку објави на ТикТок и Инстаграм на почетокот од 2026 година кои имаат над два милиони прегледи.
Откри дека целата приказна почнала во 2018-та, кога имала 28 години и живеела во Бристол. Си купила свој стан, кариерата ѝ се движела во добра насока, но единствено ѝ недостасувал партнер, а сакала и деца.
Го запознала Ник на апликација за составување и вели дека тој бил како „одговор на нејзините молитви“.
„Беше добар, забавен и изгледаше добро. Уште на вториот состанок ме праша дали сакам некогаш да се венчам и да имам деца. Кога му реков ’да‘, ми рече дека и тој го сака истото“.
Ник и Лејси се венчале на почетокот од 2020 година, а проблемите почнале уште тогаш. Но, Лејси како да не сакала да ги види.
Една ноќ додека престојувале во хотел во Лас Вегас, Лејси нашла пораки на телефонот на Ник поврзани со плаќање алиментација.
„На пораките пишуваше CSA и веднаш помислив дека е кратенка за сметки за алиментација. Но, Ник инсистираше дека сметките биле за автомобил“.
Кратко по венчавката, тие се преселиле во Калифорнија каде што Ник отворил градежна фирма. За период од една година, Лејси мислела дека Ник заработува и до 15.000 долари месечно бидејќи така ѝ кажувал.
„Имавме многу удобен живот, имавме убав дом и навистина не се грижевме за пари“, раскажува Лејси.
Овој период Лејси вели дека се чувствувала како животот да ѝ е совршен.
Во 2022 година се случил мал инцидент кога Ник почнал да добив напад додека гледале телевизија.
„Мислев дека се шегува, но видов дека му тече крв од устата. Помислив дека има мозочен удар и викнав брза помош“.
По стресната епизода, Ник ѝ рекол на Лејси дека бил зависен од лек за болка. Но, за The Sun, Ник го негира ова и вели дека во неговиот организам не бил најден никаков лек ниту дрога.
Целата ситуација ѝ била сомнителна на Лејси и го прашала дали крие нешто друго. Ник ѝ рекол дека не крие апсолутно ништо од неа.
