„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил заглавен во долгови“

Следната година, во март, Ник и Лејси добиле син, но таа вели дека нејзината среќа не траела долго.

„Додека го доев син ми во два наутро, добив порака од жена која тврдеше дека нејзина братучетка има две деца со Ник.

Му го проверив телефонот на Ник и видов бројни архивирани пораки од жена која тврди дека има деца со него. Ми се згади и почнав да се тресам“.

mislev-deka-imam-sovrshen-zhivot-so-mazh-mi-no-toj-vodel-dvoen-zhivot-imal-deca-so-druga-zhena-i-bil-zaglaven-vo-dolgovi-04.JPG

Следното утро Лејси разговарала со Ник и му ги покажала доказите што ги нашла.

„Плачеше и изгледаше разочарано. Ме молеше да не го напуштам и тврдеше дека имал само едно друго дете, како и дека ме лажел за да не се разделиме. Рече дека планирал да ми каже, но никогаш не го нашол вистинскиот миг.

Исто така ми рече и дека со жената спиеле заедно само неколкупати, а кога забременила му рекла дека ќе абортира. Тврдеше дека откако бебето се родило, не смеел да го гледа, како и дека одбивал да плаќа алиментација“.

Лејси вели дека одлучила да му верува на Ник бидејќи сакала да го спаси бракот и да бидат среќни.

Од друга страна за The Sun Ник тврди дека имал две деца од претходна врска, за кои плаќал алиментација, но и дека на почетокот не знаел дека се две.

Во меѓувреме, фирмата на Ник заработувала добро, па со Лејси решиле да се преселат и да свртат нова страница.

mislev-deka-imam-sovrshen-zhivot-so-mazh-mi-no-toj-vodel-dvoen-zhivot-imal-deca-so-druga-zhena-i-bil-zaglaven-vo-dolgovi-6.JPG

Во 2024 година, починал таткото на Лејси, а набрзо потоа таа открива дека Ник почнал да бара пари од неа.

„Му позајмив 50.000 долари од парите што ги наследив од татко ми за да плати за материјали за поскап проект од нашата градежна фирма. Си помислив дека бидејќи е за бизнисот, тогаш не е проблем“.

Кон крајот на 2024 година, Лејси не можела да престане да мисли на другата жена, па решила да ја контактира.

„Ја најдов на Инстаграм. Не знаев дали ќе им одговори, но морав да се обидам“.

На нејзино големо непријатно изненадување, женат ѝ пратила докази дека Ник има не едно, туку две деца со неа.

Како капак на сè, овој период Лејси дознала дека е повторно бремена. Иако тогаш не се разделиле со Ник, вели дека ситуацијата само се влошувала.

Односот им бил заладен, а во март 2025-та Ник бил уапсен за возење под дејство на алкохол. Во нивниот дом, пак почнале да доаѓаат луѓе кои барале пари.

Потоа во јануари годинава, Лејси дознала дека Ник е под истрага, но полицијата не ѝ кажувала зошто.

mislev-deka-imam-sovrshen-zhivot-so-mazh-mi-no-toj-vodel-dvoen-zhivot-imal-deca-so-druga-zhena-i-bil-zaglaven-vo-dolgovi-07.JPG

Лејси открила и налог поврзан со финансиска измама, а Ник, пак, ѝ рекол дека биле во опасност и морале да побегнат во Мексико. Го послушала, но овде тој ги скрил пасошите на нивните деца.

Од Мексико, заминале во Париз каде што Лејси вели дека Ник ја натерал да изнајми автомобил во нејзино име. Веќе исплашена од целата ситуација, Лејси напишала „помош“ на формуларот за изнајмување.

Иако полицијата интервенирала, Лејси се плашела да зборува, но кога стигнале до граничен премин за да излегуваат од државата, конечно им кажала на граничните службеници дека се плаши од сопругот.

Оттаму успеала да се врати кај нејзиното семејство и ѝ станало јасно дека Ник всушност нема пари и го пропаднал бизнисот, а и практично живеел двоен живот.

По целата драма, тој се вратил во Бристол каде што живеел од социјална помош.

Сепак, за The Sun, тој негира голем дел до приказната. Признава дека бизнисот пропаднал, но вели дека не е точно дека бегале во Мексико.

Тој тврди и дека продолжил да ѝ нуди финансиска помош на Лејси и нивните деца.

Лејси, од друга страна, вели дека ја споделува својата приказна за да ја зголеми свесноста за вакви измамници, а открива и дека добива многу пораки од жени кои поминале низ истото.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg