Навики поради кои интелигентните луѓе делуваат неучтиво и некултурно
Избегнуваат површни разговори, често се жалат дека им е здодевно кога се во друштво и премногу се искрени.

Високо интелигентните луѓе секако дека имаат некаква предност поради својата интелигенција.
Но, истовремено, високото IQ може да им создаде и проблеми.
Некои навики и однесувања на интелигентните луѓе може да се несфатливи за другите, а прават дури и да изгледаат неучтиво и некултурно.
Дел од овие навики во продолжение:
Избегнуваат безначајни разговори
Интелигентните луѓе може да делуваат некултурно бидејќи обично не се вклучуваат во „безначајни“ и површни разговори.
Тие не сакаат да разговараат за други луѓе или озборуваат, туку повеќе ги интересираат длабоки разговори со кои можат да се поврзат со другите.

Ги прекинуваат другите додека зборуваат
Интелигентните луѓе процесираат информации многу побрзо.
Но, иако ова е добро, некогаш ги тера да ги прекинуваат другите додека зборуваат.
Иако намерата не им е да бидат неучтиви, сепак делуваат така, а некогаш не се ни свесни дека прекинувањето сепак не е во ред.
Постојано ги поправаат другите
Интелигентните луѓе обично имаат и повеќе знаење од другите кое сакаат да го споделат.
Проблемот настанува кога постојано ги коригираат другите, во секоја можна ситуација.
Некогаш ова може да делува арогантно, особено ако се случи неколкупати по ред.

Често се жалат дека им е здодевно
На интелигентните луѓе може брзо да им стане здодевно, особено ако се во друштво каде што не треба многу да го активираат мозокот.
Проблемот е што кога постојано повторуваат колку им е здодевно ги навредуваат луѓето кои се со нив.
Често одбиваат покани за излегување
На повеќето интелигенти луѓе им треба повеќе време за себе за да си го одморат умот.
Нив воопшто не им пречи самотијата и вистински уживаат кога се со своите мисли.
Но, на сметка на ова честопати одбиваат покани за излегување.
Премногу се искрени
За интелигентните луѓе, искреноста е поважна од комфорот.
Поради ова, сметат дека секогаш е подобро да ја кажат вистината, отколку да тешат некој со лаги.
Сепак, некогаш на луѓето им е тешко да се соочат со вистината па токму поради ова интелигентните луѓе им делуваат дури и дрско.
Спирова С. | Црнобело