Axe ја сменија секси стратегијата

axe-smenija-seksi-strategija

Рекламите на Axe се познати по разголените девојки, експлицитниот хумор и убедувањето дека овој производ ќе ве направи неодоливи за спротивниот пол.

По долго време се сетија да ја сменат стратегијата што им донесе безброј критики и презир од жените, па снимија приказна за неостварена љубов.

Ако рекламите навистина функционираат, по овој Axe краток филм со Кифер Сатерленд, девојките за прв пат ќе одат да им купат Axe на најдрагите мажи.

Сексистичките реклами за Axe во основа прикажуваа еден обичен маж, кој откако ќе шприцне малку од волшебниот мирис одеднаш ги добива најжешките девојки на светот.

Покрај носталгичната реклама со Сатерленд, Axe направија и неколку видеа во кои, верувале или не, мажот веќе ја има освоено девојката и му треба помош од Axe за да ја задржи!

За чудото да биде поголемо девојките не се претставени само како згодни трофеи што ги заслужува секој кој си купил дезодоранс.

И не се секирајте - рекламите сѐ уште се забавни и девојките, иако имаат различни карактери, сѐ уште се згодни :)

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава