7 совети како да си го организирате плакарот со алишта

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-01

За да го олесните изборот на вистинското парче облека потребен ви е плакар во кој се ќе биде подредено и на дофат.

Често се случува само два дена по селектирањето и подредувањето повторно да се изгубите низ полиците и закачалките. Ви нудиме неколку едноставни решенија кои ќе го олеснат вашето секојдневие.


1. Ослободете се од вишокот облека.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-1

Доколку чувате парче облека кое не сте го облекле повеќе од 6 месеци, голема е веројатноста дека никогаш повеќе нема да го облечете. Наместо да го фрлите, позајмете го на некоја пријателка на која знаете дека и се допаѓа. Не дозволувајте облеката која не ја носите да ви зафаќа простор.


2. Чувајте ги на виделина парчињата кои често ги носите.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-2

Погрижете се омилените фармерки и маица да ви бидат секогаш на дофат. Бидејќи често ги носите, не дозволувајте на секое нивно вадење од плакарот да се направи неред.


3. Распоредете ја облеката според тип и боја.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-3

Црните панталони на едно место, фармерките подредени од најсветли до најтемни, белите секојдневни маички на најблиската полица... Најлесен начин да се снајдете во плакарот е според бојата. А и делува навистина стилски уредено.


4. Спакувајте ја вон сезонската облека.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-4

Најлесен начин за да добиете простор е пакувањето на зимската облека сред лето или обратно.


5. Употребувајте еден вид на закачалки.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-5

Обидете се сите закачалки во плакарот да бидат од ист материјал, без оглед дали се дрвени, железни или прекриени со материјал. Визуелно создаваат среден простор.


6. Направете простор за додатоците.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-6

Каиши, чевли, чанти ... Сите треба да се правилно подредени, на место лесно дофатливо и прегледно. При секој избор на каиш и соодветна чанта нема потреба да правите хаос.


7. Диплете правилно.

7-soveti-kako-da-si-go-organizirate-plakarot-so-alista-7

Џемперите или фармерките кои е ризично да ги чувате на закачалка здиплете ги правилно и повторно подредете ги по боја.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...

Најчитани неделава