Ексклузивно: Како се снимаше Coca-Cola химната за Лондон 2012

ekskluzivno-kako-se-snimase-coca-cola-himnata-za-london-2012

Move to the Beat, е краток документарец со кој Coca-Cola ја буди тинејџерската страст меѓу спортот и музиката со цел да ја зголеми возбудата за Олимписките игри. Кампањата е направена за активно да ги вклучи младите од целиот свет и да поттикне движење, креативност и интеракција.

Дел од кампањата е и ексклузивна музичка трака која ги обединува звуците на музиката, спортот, Лондон и Coca-Cola со цел да создаде глобална Coca-Cola музичка химна за Лондон 2012. Процесот на креирањето на химната е прикажан во овој возбудлив документарец.

Епизодите ги следи глобалниот ди-џеј Марк Ронсон, низ целиот свет, во периодот од јули до октомври 2011, посетувајќи 5 надежни млади Олимпијци, снимајќи ги звуците на нивниот спорт. Во овој музички експеримент, Марк ги замислува сите спортисти како инструменти во оркестар, истражувајќи ги различните звуци кои настануваат за време на нивното спортување. Ова уникатно патување е документирано за сите да можеме да ѕирнеме како изгледа креирањето на химната за Олимписките игри.

Спортистите кои учествуваат во документарецот се – Дејвид Оливер, 29, 110m трчање преку пречки од САД; Ксенија Вдовина, 24, 400m спринтер од Русија; Дајан Џафар, 17, стрелец од Сингапур; Мариа Еспиноза, 23, Таеквондо атлет од Мексико; и Дариус Најт, 21, пинг понг играч од Велика Британија.

Во прилог е најавата за докуметарецот, а од утре ексклузивно ќе ги објавуваме останатите видеа, дел по дел.

Би можело да ве интересира:

Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“ Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опсе...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...

Најчитани неделава