Најскапите јадења на светот

najskapite-jadenja-na-svetot-1

BBC направи листа од најскапите јадења што се служат во рестораните низ светот. Врти-сучи, без гарнир од злато не можат да се снајдат.

Капкејк со 23 каратно злато може да нарачате во Дубаи. Побарајте го The Golden Phoenix и извадете 3.676 дирхами ($1.000 долари) за да го платите.


Откако ќе го лапнете позлатеното колаче, кога веќе сте во Дубаи, може да си ги дотрошите парите на коктел 27.321. Името му е исто како цената во дирхами, а наречено е по 27 спрат каде бил послужен, во хотелот висок 321 метар. Луксузната верзија на old fashioned се прави со 55 годишно виски, а си доби и потврда од Гинис дека е најскап коктел на светот.

najskapite-jadenja-na-svetot-2


На другата страна на светот, во Њујорк, ќе го најдете најскапиот десерт - Frrrozen Haute Chocolate се прави од 28 различни видови какао и 5 грама 23 каратно злато. Во порцијата од $18.713 долари ви следува златно ливче за јадење, златна алка околу тањирчето и златно лажиче за да се послужите со скапотијата која и не изгледа толку примамлива за око.

najskapite-jadenja-na-svetot-3


Во истиот ресторан, Serendipity 3 во Њујорк, пред да прејдете на најскапиот десерт може да го пробате најскапиот хамбургер на светот. Чини скоро $300 долари и иако е наполнет со скапи состојки како тартуфи, кавијар и месо од јапонско говедо, цената може да се оправда само со позлатената чепкалка со дијаманти. А тоа е така важно.

najskapite-jadenja-na-svetot-4


Ако може хамбургер сигурно може и суши. Sushi Del Oriente е суши завиткано во 24 каратни златни ливчиња и украсено со дијаманти од Африка. Се нарачува на Филипините и се плаќа 1.600 евра

najskapite-jadenja-na-svetot-5


Љубителите на азиска храна може да тркнат до Лондон на чинија супа, ама само ако се најават 5 дена однапред. За тоа време ќе ви ја приготват Buddha Jumps Over the Wall, супата со месо за која наводно вегетаријанецот Буда скокал преку ѕидови за да ја јаде. Вие не мора да скокате, само треба да си платите 108 фунти.

najskapite-jadenja-na-svetot-6

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава