Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Погответе вкусно викенд задоволство: Браунис со вкус по желба

Ова се апсолутно највкусните, најсочните и најмеките браунис некогаш!

podgotvete-vkusno-vikend-zadovolstvo-braunis-so-vkus-po-zelba-2

Ние се обидовме со додавање на многу различни работи во тестото и секогаш испаѓаат преубаво. Можете да додадете сè што сакате!

Со додавање на различни состојки може да правите различни браунис секоја недела или дури и секој ден.

Подготовката е многу едноставна. Додајте се што ви се наоѓа при рака и нема да ви се верува колку ќе се вкусни.

Основниот рецепт е за 16 парчиња, но вие секогаш можете да ја дуплирате дозата, да ја ставите содржината во малку поголемо тавче и да додадете неколку минути за печење.

Вкупно време за подготовка: околу 35 минути

Време за печење: (околу) 25 минути

Основни состојки:

- ½ чаша (за млеко) путер, стопен

- ½ чаша какао

- 1 чаша шеќер

- 2 јајца

- 2 чајни лажички ванила

- ½ чаша брашно

- ¼ чајна лажичка сол

Додатоци за тестото(наш предлог):

- 1-2 чаши сецкано чоколадо (млечно, за готвење, бело, со било каков вкус)

- 1-2 чаши суво грозје

- 1-2 чаши сецкани ореви (или лешници, кикирики, бадеми..)

- 1-2 чаши M&M’s

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175°С.

2. Подмачкајте го тавчето(правоаголно, со дијагонала од околу 23cm) или ставете хартија за печење.

3. Во длабока чинија ставете ги путерот и какаото и мешајте додека смесата стане хомогена.

4. Додадете го шеќерот и мешајте додека шеќерот не се растопи.

5. Додадете ги јајцата едно по едно и мешајте се додека смесата не стане еднолична.

6. Додајте ги ванилата, брашното и солта, и мешајте се додека брашното не се претопи во смесата.

7. Во смесата додадете ги посакуваните вкусни додатоци (чоколадо, суво грозје, лешници итн).

8. Распоредете ја смесата во тавчето и печете околу 25 минути.

9. НЕМОЈТЕ ДА ГИ ПРЕПЕЧЕТЕ! - затоа што тогаш браунисот ќе бидат суви. Прилагодете ја температурата и времето на печење на вашата рерна. Ако сакате да го проверите тестото со нож/чепкалка, треба да има малку трошки на нив, не да бидат чисти.

10. Остајте колачот да се олади пред да го сечете на коцки.

11. За дупла доза, печете во поголемо тавче и додајте уште некоја минута за печење.

Кој ќе направи нека ни прати слика, а може и да ни донесе да пробаме Smile

Би можело да ве интересира:

Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатн...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
7 основачи на популарни брендови чиј лик скоро никој не го знае (и приказните за нивниот успех) Во 1895-та, 36-годишниот Луиџи Лаваца купил мала пилјара во центарот на Торино.&...
Фото-докази дека океаните и мориња се најморничавите места на Земјата Риби кои изгледаат како вонземјани, огромни бранови, остатоци од бродови – малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg