Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и жените
Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои други двојни стандарди се чести за двата пола, а кога ќе се најдат во иста ситуација?

Од деца родителите нè учеа дека треба да следиме одредени норми на однесување, па честопати слушавме работи како „девојче си, ти треба...“ или „машко си, ти не смееш...“.
Но, како што растеме се соочуваме со двојни стандарди, кои сега доаѓаат од колегите, шефовите, дури и од нашите партнери.
Па кога маж и жена ќе се најдат во иста ситуација, а ќе добијат различна реакција, тоа го поставува прашањето за големото лицемерие што постои во светот.
И тоа заморува и нервира.
Дали сте се нашле и вие во некоја ваква ситуација?
Општеството им се восхитува на жените што се грижат за својот изглед, но ако мажот го прави истото - реакциите се, понекогаш, чудни.

Жените кои биле изневерени често се обвинете дека не знаеле како да си го чуваат мажот и да си го спасат бракот. Мажите во иста ситуација, од друга страна, добиваат поддршка и сочувство.

По разводот, бившите сопружници добиваат различни реакции од околината.

Мажите и жените кои се фокусираат на кариерата и денес се перципираат различно.

Многу луѓе ги перципираат физичките способности на мажите и жените исклучиво преку застарените стереотипи за полот.

Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак.

Дури и на прашањето „Дали да ги избричам нозете“, светот има два различни одговори - еден за мажите, еден за жените.

А. Ј. | Црнобело
