10 причини зошто го сакаме декември

Декември е првиот месец од зимата. Зимурливите баш и не му се радуваат, но постојат неколку работи кои прават овој месец да биде еден од оние во кои навистина може да уживате.

10-pricini-zosto-go-sakame-dekemvri

Ова се 10 причини зошто ние го сакаме декември:

1. Во декември најчесто паѓа првиот снег. Заборавете на проблемите, годините и радувајте му се на снегот како мало дете. Направете снешко, санкајте се, мавајте се со снежни топки.

2. Градот е накитен. Владее празнична атмосфера и насмевки на лицата на луѓето.

3. Може да уживате во вкусните потпечени костени на уличните продавачи.

4. Вареното вино е најслатко во декември. Мммм...

5. Магијата на украсување на домот. Семејното китење на елката е момент во кој уживаме сите.

6. Се будат зимските спортови – скијање, бордање, лизгање...

7. Предновогодишните забави насекаде низ градот. Побудалени луѓе од шопинг и алкохол, па сите делуваат среќни.

8. Кога снежи, а вие сте дома на топло, покрај камин, со чашка вино во рака и саканата личност до себе.

9. Храната – во декември стигнува киселата зелка што значи почеток на сарма сезоната и подварок. И туршијата е спремна за мезење со ракија.

10. Рекламите на Кока Кола – потсетуваат на детството, магијата на празниците кои не очекуваат и носат позитивна енергија.

Имате да додадете уште нешто?

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава