Вкусни празнични колачиња

Шеќерните колачиња се уште еден одличен начин како да го покажете вашето празнично расположение.

vkusni-praznicni-kolacinja-2

Изненадете ги вашите најблиски со вкусни празнични колачиња кои можете да ги приготвите за само неколку минути.

Воедно и вие ќе уживате додека ги приготвувате, бидејќи се лесни и едноставни за приготвување, а неверојатно слатки во комбинација на топол напиток.

Потребни состојки:

- 2 1\2 чаши сенаменско брашно

- 1\2 лажичка прашок за печиво

- 1\2 лажичка сол

- 1 шоља путер

- 3\4 шоља шеќер

- 1\2 шоља шеќер во прав

- 2 јајца

- 1 1\2 лажичка екстракт од ванила

Измешајте ги заедно брашното, прашокот за печиво и солта во длабок сад. Користете миксер за во друг сад да ги соедините путерот, обичниот шеќер и шеќерот во прав. Додајте ги јајцата и екстрактот од ванила. Полека додавајте ги брашното, прашокот за печиво и солта во садот. Мешајте додека смесата не се соедини. Одделете го тестото на два дела и завиткајте го во проѕирна фолија. Чувајте го во фрижидер околу 2 часа.

Откако ќе се стврдне тестото, посипете малку брашно на работната површина. Тркалајте го тестото низ брашното за да не ви се залепи и извадете ги посакуваните форми со калапи.

Веќе направените форми печете ги 15-20 минути на 300 степени. Откако ќе ги извадите бисквитите, украсете ги со шлаг во кој може да додадете прехранбена боја и чоколадни трошки.

Погледнете како може да изгледаат вашите празнични колачиња и уживајте!

vkusni-praznicni-kolacinja-1

vkusni-praznicni-kolacinja-3

vkusni-praznicni-kolacinja-4

vkusni-praznicni-kolacinja-5

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...

Најчитани неделава