6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации
Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор, а во куќа никој нема да ви замери ако пуштите правосмукалка и на полноќ (освен ако некој од домашните не спие).

Луѓето кои живеат во куќа велат дека никогаш не би се преселиле во стан и дека не можат да си го замислат животот „затворени“ на тој начин.
Оние, пак, кои се цел живот во стан, со соседи од кои ги дели само еден ѕид, тврдат дека ваквиот дом има свои предности (но и неубави страни).
Низ неколку забавни илустрации погледнете кои се некои од најголемите разлики меѓу животот во стан и куќа. И кој начин на живот, според вас, има поголема предност?
Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор, а во куќа никој нема да ви замери ако пуштите правосмукалка и на полноќ (освен ако некој од домашните не спие)

Децата сакаат да си играат дење и ноќе, но кога живеете со соседи тоа може да биде малку проблематично

Вревата ноќе може да ви пречи, без оглед каде и да живеете - само да е поинаква

Личниот простор е различен во куќа и во стан

Без оглед дали живеете во куќа или во стан, вревата од соседите е неизбежна - но различна

И комуникацијата со соседите е различна

А. Ј. | Црнобело
