Започнете ја 2013 организирани

Ако 2012 ја паметите по хаосот кој самите сте си го направиле уште од почетокот на годината, не дозволувајте си го истото и оваа година.

zapocnete-ja-2013-organizirani-01

Испробајте неколку едноставни начини како да ги средите вашите секојдневни предмети, без да губите време на непотребно пребарување.

Етикетирајте сè – отпечатете си свои етикети и залепете ги на сите тегли и садови во кои чувате ситни работи или пак кујнски намирници. Сликајте ги вашите чевли и сликата залепете ја на горниот дел од кутијата. На фиоките со долна облека залепете интересни букви и натписи за конечно да запаметите што каде ви е.

Средете ја долната облекапреградите во фиоката се одличен начин тоа да го направите. Ослободете се од секојдневно превртување се наопаку само да го пронајдете совршениот градник.

Козметиката чувајте ја на едно место – престанете да ги расфрлате креми за тело и маски на многу места низ куќата. Сместете ги на едно место во бањата каде што секогаш ќе стојат, а за дополнителна организација – етикетирајте ги.

Пронајдете соодветно место за ситните ласичиња и шноли – конечно средете ги ластичињата и шнолите кои ги имате дури и премногу, а никогаш не можете да ги најдете. Закачете ги или наредете ги на некој поголем предмет или пак складирајте ги во пластично со капаче.

Организирајте ги сите хартии и документи – користете стикери и папки во кои ќе го зачувате редот на сите документи, така што нема да морате секојдневно да губите време за пронаоѓање или нивно разлистување.

zapocnete-ja-2013-organizirani-2

Направете си место за неплатените сметкипоставете го на видно место, за да не се доведете во незгодна ситуација кон крајот на месецот.

Средете го нередот во чантатараспоредете ги ситниците во посебни новчаничиња или прегради. Ќе заштедите многу време во текот на еден ден.

Закачете ги посебно сите марами, каиши и чанти – нека бидат на видливо место, прегледно наредени за следното излегување да бидете опуштени кога станува збор за облеката и додатоците.

Користете шкафчиња со многу прегради во кујната и тоалетот – Јасно е дека преградите и малите садови за складирање се единственото решение кога станува збор за нередот.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава