22 идеи што да правите со пријателките

Кога станува збор за пријателството и активностите поврзани со него, понекогаш недостасуваат идеи за дружба.

22-mesta-kade-da-se-druzite-so-najdobrata-prijatelka-01

Ова се нашите совети и идеи како да поминете квалитетно време со вашата пријателка.

1. Одете во забавен парк и возете се со колички, јадете шеќерна волна и уживајте во сите останати детски активности.

2. Останете будни цела вечер и заедно со по некоја чаша вино разговарајте за нешто што одамна ви тежи, а немате кому да го кажете.

3. Разгалете се и одете на скапа вечера, наместо на забава. Разговарајте, смејте се и почестете се со неколку специјалитети.

4. Одберете рецепт за кои мислите дека сте далеку од талентирани за да го правите, и направете го заедно.

5. Одберете уникатно место, дотерајте се и спремете се за фотосесија. Уживајте и овековечете ги ваквите моменти.

6. Облечете се неверојатно заводливо и излезете со групата од средно. Нарачајте си вино, на момент изолирајте се и истрачарете ги сите можни личности за многу кратко време.

7. Гледајте ги вашите омилени филмови или серии, стуткани под ќебе и топлете се со какaо или чај.

22-mesta-kade-da-se-druzite-so-najdobrata-prijatelka-1

8. Одете во бар и максимално искористете го времето во кое има промоции и намалени цени на пијачките.

9. Патувајте заедно. Посетете некое место на кое што одите прв пат и двете. Уживајте во изолираноста од градот.

10. Одете во зоолошка.

11. Скапиот бутик е секогаш одличен извор на воздишки. Заедно воодушевете се на неверојатните модели, а потоа излезете и гласно коментирајте како сакате да изгледа вашиот совршен фустан.

12. Одете и во евтини продавници каде што ќе се изнакупите многу нешта и ќе излезете со големи планови каде тоа ќе го носите.

13. Прегледајте ги по 100ти пат омилените серии.

14. Одете на необични места, како на пример музеј или посетувајте по некоја изложба од време на време.

15. Прошетајте се во основното училиште во кое заедно учевте и коментирајте колку тоа се променило.

16. Уживајте во првиот снег заедно. Лизгајте се, правете ангелчиња и потсетете се како се забавувавте додека бевте многу мали.

17. Играјте вистина или предизвик. Добро, повеќе предизвик. Ќе бидете изненадени од креативноста на вашиот ум.

18. Испечете неколку слатки мафини полни со чоколадо и заедно дегустирајте.

19. Долгата прошетка во паркот е извор на многу разговори и тајни кои никогаш не сте имале како да ги споделите.

22-mesta-kade-da-se-druzite-so-najdobrata-prijatelka-2

20. Научете некој нов спорт или барем обидете се, колку и да не ви оди. Ако ништо друго, барем ќе се смеете додека имате мали незгоди и потешкотии.

21. Правете коктели, купете грицки и слатки, поканете уште неколку пријатели и почестете ги. Заедничкиот труд кој сте го вложиле многу повеќе ќе ве зближи.

22. Бидете хумани заедно. Вдомете некое маче или кутре кое ќе го храните и шетате. Така ќе имате само причина плус да поминувате повеќе време заедно.

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...

Најчитани неделава