Искористете го денот продуктивно

Сите сме дел од денови кога инспирацијата и желбата за работа ни се на последно место, но едноставно мораме да ги завршиме обврските.

iskoristete-go-denot-produktivno

За тие денови да не ви се чинат неподносливи и здодевни, ви нудиме неколку едноставни чекори кои ќе ја олеснат работата.

1. Извршувајте ги задачите во согласност со вашето расположение

Речиси секој се задржува до она што мора да го направи, а не до она што му се прави во тој момент. Да, мора да бидете корисни и ефикасни, но работите кои што може да се одложат за час или два, не мора да ги направите веднаш. На пример, здодевното плаќање на сметки одложете го за неколку часа и дозволете си некое време за исполнување на вашите желби. На овој начин ќе бидете задоволни и корисни истовремено.

2. Верувајте во судбина

Често се оптоваруваме со секакви негативни мисли за кои мислиме дека нема решение. Ако таа ситуација не ви менува ништо во дадениот момент, подобро е да ја ублажите со тоа што ќе си кажете дека понекогаш не е се онака вие како што сакате, туку онака како што требало да биде.

3. Не заборавајте да си поставите приоритети

Наутро внимателно размислете што задачи имате во текот на денот. Започнете од оние најважните, а останатите распоредувајте ги според расположените.

4. Сконцентрирајте се

Научете се самите себе си како да одолеете на секоја ситница која може да ве прекине во она што моментално го правите. Концентрацијата е најделотворниот метод кога станува збор за ефикасноста.

5. Користете мали паузи

На секој час одвојувате по 5 до 10 минути за да си направите кафе, да се опуштите со разговор со пријателката, да излезете малку на воздух и се останато што мислите дека ќе ви помогне за да се релаксирате колку што можете.

6. Пополнете го целиот ден

Не се залажувајте дека ако до 2 часот попладне спиете или гледате телевизија, после тоа за само неколку часа ќе ги завршите сите обврски.  И да имате слободно време искористете го внимателно. Видете се со пријателите, закажете некој состанок, развивајте нови вештини... Пред се, бидете продуктивни и ангажирани.

Би можело да ве интересира:

13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава