Убавините на зимата

Температурите под нулата, снегот и мразот за многумина се голема причина за да се завијат под покривката и да сонуваат за топлото лето.

cenete-gi-ubavinite-na-zimata-1

Но, не очајувајте. Пронајдете ги убавините на ниските температури за полесно да ги поминете студените денови кои ни преостануваат.

Заради темните ноќи, ценете ги убавите денови. Заради намалената дневна светлина, искористете го секој убав ден до максимум. Прошетајте по зимското сонце, видете се со пријателите, седнете на кафе во некое топло кафуле, уживајте во сè што можете да правите во затворено.

Кога температурите се пониски, близината со партнерот е поголема. Сте забележале дека зимно време повеќе останувате дома, во прегратките на саканите? Нема подобро загревање отколку љубовта, барем во овој период. Затоа, уживајте во блискоста со вашиот партнер под покривката.

cenete-gi-ubavinite-na-zimata-2

Нема досадни комарци и бубачки. Опасностите од комарците или другите штетници се сведени на минимум, па затоа слободно може да уживате во дневните прошетки без да се грижите.

Во зима болките се намалуваат. Постои причина зошто секогаш на болното место попријатно ни е кога имаме ладна крпа или лед. Ниските температури ги намалуваат болките, исто како и ледот.

Топлите напитоци го подобруваат расположението. Не постои ништо поубаво, отколку уживањето со топол чај, кафе или греено вино. Овие топли напитоци содржат антиоксиданси кои влијаат позитивно на имунитетот и ја зголемуваат топлината на телото.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...

Најчитани неделава