Како да уживате во дваесеттите години?

Незаборавни проводи. Планирање на иднината. Дваесеттите години делуваат и озбилно и неозбилно истовремено. Ја имаме таа слобода да го креираме своето секојдневие, а истовремено добиваме и многу повеќе одлуки, обврски и грижи.

kako-da-uzivate-vo-dvaesettite-godini-01

Ова се неколку совети како овој најубав период од животот да го поминете на најдобар можен начин.

Во форма

Во овие години треба да изгледате најдобро што можете. Здравјето, младоста и енергијата која ги карактеризира дваесеттите треба да ги искористите за физичка активност. Полесно е да ја одржувате линијата кога ќе се навикнете на некоја активност или спорт, отколку да лежите, да се здебелите и да станете мрзливи. Негувајте го телото, не му е лесно да ги издржи сите тие ноќни излегувања, нездрава храна, алкохол, учење и седење по кафичи.

Друштвени мрежи

Трошење на време на Фејсбук и Твитер, коментирање на непотребни слики и групи, закачување на слики и допишувањето создаваат неверојатно лоша слика за вашата “блискост” со пријателите. Гледајте се со пријатели на кафе, уживајте во физички активности заедно, уживајте во прегратките, смеењето и пофалбите кои не можете да ги добиете во виртуелниот свет.

kako-da-uzivate-vo-dvaesettite-godini-1

Заедничко живеење

Доколку можете да избегнете заедничко живеење со партнерот во раните дваесетти, направете го тоа. Мислењата дека сте доволно зрели, спремни и прилагодливи всушност е најчестата причина за крајот на врската. Сочувајте ги пеперутките во стомакот додека можете и уживајте во времето кога сте сами со пријателите, тоа само ќе ја зајакне вашата врска.

Искористете ја секоја прилика

Спонтаноста може да ни донесе многу незаборавни сеќавања. Искористи ја секоја прилика која ти се нуди и уживај во новото искуство. Кога пријателите се обидуваат да те наговорат за некаде, дозволи им да им успее. Ризикувајте. Единствено нешто што може да изгубите е можноста за авантура, добар помин и нови познанства.

Одговорност

Внимавајте да не ја преминете границата и да стигнете до самоуништување. Преголемото труење со цигари, алкохол, менувањето на партнерите, испробувањето на ризични трендови навистина може да ви пречат во развојот. Чувајте се подалеку од драмите, оддалечувањето од пријателите, затворање во себе, нервозите и депресијата. Најпрво грижете се за сопствената среќа, па потоа за туѓата.

kako-da-uzivate-vo-dvaesettite-godini-2

Сонувајте за невозможното

Сонувајте за совршенство, каде сме опкружени со преубави, добри луѓе, каде што со малку труд имаме многу пари и каде што проблемите се решаваат сами по себе. Лесно е да сонувате, но за остварувањето на соништата потребен е голем труд. Затоа учете за да се стекнете со диплома, барајте работа, пракса и можности кои ќе ви помогнат во натамошната кариера.

Бидете најдобри што можете

Ако сакаш да бидеш елоквентен и образован, читај книги. Ако сакаш да знаеш повеќе јазици, учи ги. Ако сакаш да бидеш пошармантна и позитивна личност, работи на себе. Вложувај во себе. Тоа е единствената инвестиција која се исплати.

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава