10 нешта кои се подобри од гледањето телевизија

Замислете ја следната ситуација: конечно после долгата и напорна работа добивате неколку слободни денови и она на што единствено мислите е како да ги искористите.

10-nesta-koi-se-podobri-od-gledanjeto-televizija-1

Веруваме дека пред сè ви е неопходен долг и добар сон. Но, за да преостанатото слободното време не се претвори во бескрајно гледање на телевизија и повеќечасовно седење пред компјутер, предлагаме тоа време да си го посветите себе си и на активности кои ве исполнуваат.

Дозволете си го себе си тој луксуз и угодувајте им на своите сетила.

Читајте!

Со читање најдобро го активираме нашиот ум и ги надградуваме сопствените мисли. Читајте во паркот, во удобната фотелја или пак прошетајте до градската библиотека и побарајте ја омилената книга. Читајте што ќе ви се посака. Светот на книгите е богат и шарен, и во него има место за секого.

Слушајте музика!

Ништо нема да ви го подобри расположението како музиката. Дополнително ќе ве расположи и танцување на омилената трака и иако гласната музика нема да им се допадне на комшиите, дајте си себе оддишка неколку минути и уживајте.

Шетајте!

Доколку не сте љубители на напорните тренинзи добро ќе ви дојде опуштена прошетка. Излезете од куќата, вдишете длабоко и дозволете им на своите сетила да го впијат светот околу вас. Шетајте сами или во друштво на драги луѓе и не заборавајте да го повторите ова од време на време.

Спортувајте!

Сите знаеме колку му значи на нашиот организам физичката активност и поради тоа ја препорачуваме што повеќе. Но, покрај тоа, спортувањето можете да го направите и многу забавно. Изберете спорт кој го сакате, било да е индивидуален или групен, на вода или суво и квалитетно исполнете го своето слободно време.

Гответе!

Можеби многу од нас не би се осмелиле да и се приближат на кујната, но зошто не би пробале да подготвите нешто? Искористете ги бројните емисии за кулинарство земете ги работите во свои раце и подгответе вкусен оброк! Изненадете ги вашите најблиски, направете му романтична вечера на вашиот/ата сакан/а или пак почастете ги пријателите со нешто вкусно благо. Доколку пак вашата вечера заврши во кантата за отпадоци, не се разочарувајте, секогаш можете да купите торта во блиската продавница, сигурни сме дека никој нема да ви замери. Важен е трудот и добрата волја!

Разговарајте!

Но, разговарајте во живо, очи во очи. Заборавете на бесплатните минути и чатувањето преку интернет. Ништо не може да го замени живиот збор и добрата трач партија пропратена со кафе или пиво.

10-nesta-koi-se-podobri-od-gledanjeto-televizija-2

Возете се!

Наполнете го резерварот, пуштете ја музиката гласно и оставете ги километрите позади вас! Препуштете им се на мислите и не размислувајте каде ќе стигнете. Нека ве води патот, а пејсажот нека ви ги исполни очите и срцето. Но, не заборавајте – безбедноста е секогаш на прво место. Не претерувајте со брзината и почитувајте ги правилата!

Танцувајте!

Без оглед на тоа колку добро ви поминал денот, ноќта секогаш може да биде подобра!  Ништо нема така добро да ве опушти како играње на гласна музика и актуелните хитови. Музика, танц, одлична атмосфера во клуб со пријателите ќе ви ја врати насмевката на лицето и ќе ве потсети зошто го сакате добриот провод.

Закажете состанок!

Не се плашете од неуспех! Направете го првиот чекор и поканете некој кој ви значи на пијачка. Сигурни сме дека и на таа личност ќе и биде драго. Знаете како викаат, не можете да знаете доколку не пробате. Можеби ќе ви “проработат” пеперутките во стомак.

Истражувајте!

Дури и доколку живеете во голем град, секогаш можете да “заталкате” и истражите некое ново ќоше, улица, парк или пак стар и напуштен двор. Тоа секогаш го правевме кога бевме деца, нели? Кој вика дека не можеме и сега? Сигурни сме дека авантуристичкиот дух ве нема напуштено.

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg