10 едноставни начини за постигнување среќа

Време е конечно да ја преземете контролата врз животот во свои раце, без да се потпирате на судбината или верувањата дека она што го заслужувате само ќе се оствари. Поправете го вашето расположение и здравје и уживајте во текот на целиот ден.

10-ednostavni-nacini-za-postignuvanje-na-sreka-01

Ова се 10те најмали и наједноставни начини на кои можете да ја постигнете среќата.

1. Вежбајте смирување на умот – живејте го моментот. Наместо да се грижите за утредента, фокусирајте се на сега и овде – храната, друштвото, разговорите во кои уживате.

2. Смеењето е лек – самото учество во среќен и забавен момент може да го подигне вашето ниво на ендорфин и останатите хормони задолжени за смеењето и чувството на задоволство.

3. Спијте – не дозволувајте хронично да ви недостасува сонот. Краткиот одмор во текот на денот или пак легнувањето во 8 часот со книга и гаснењето на светлата еден час подоцна само може да ви го подобри расположението и изгледот подобро од било кој третман.

4. Потпевнувајте – музиката ги опушта сетилата и го подигнува расположението.

5. Само кажете не – елиминирајте ги активностите кои не се неопходни и во кои не уживате. Секако дека постојат неколку активности кои во текот на денот не можете да ги избегнете, но практикувајте ги најчесто оние кои со задоволство ги извршувате.

6. Направете листа – запишувањето на задачите и обврските секогаш ќе ви дадат чувство на сигурност и организираност. Од време на време добро е да ја погледнете листата и да го шкртнете она што сте го направиле, ќе воочите неверојатен напредок.

7. Вежбајте – не само што ќе ви одговара свежиот воздух, туку и ќе се ослободите од секојдневниот стрес.

8. Изгасете го телевизорот – поминете барем еден ден без читање весник, гледање вести или пак сурфање на интернет. Наместо тоа земете си одмор во природа, шетајте, медитирајте...

9. Волонтирајте – ќе им помогне на другите, а вас ќе ви овозможи на кратко да заборавите на вашите проблеми.

10. Обрнете внимание на добрите работи во животот – луѓето кои секој ден се обидуваат да ги согледаат позитивните аспекти во својот живот (доброто здравје, веселите пријатели, семејството, слободата) се секогаш позадоволни.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg