Каква порака испраќа букетот што го подарувате/добивате

Било да добивате или подарувате цвеќе, треба да знаете дека со него примате, односно испраќате различни чувства. Научете како со букетот да испратите вистинска порака, но и да ја прочитате.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-01

За боите размислуваме кога се подготвуваме да го бојадисуваме станот, кога купуваме облека, кога подготвуваме храна, поставуваме маса, пакуваме подарок, одбираме цвеќе за тераса или букет за подарок за драга личност.

Боите имаат големо влијание на нашата потсвест. Реагирањето на боите е емоционално, а цвеќето е идеален проводник за тие чувства. Еден креативен цветен аранжман има способност да разбуди некое заборавено чувство, да го смени расположението со говорот и бојата на цвеќето. Како што се тврди со боите на цвеќето се изразуваат седум вида на чувства.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-1

Подготвено за млада мајка
Букет од бледо портокалово, виолетово и бело цвеќе во комбинација со светли нијанси на зеленило буди чувство на сигурност. Заштитено и сакано, ќе се почувствува личноста која го прима букетот направен од комбинација на цвеќе со нежни и мирни бои, а најмногу ќе му се израдуваат жените кои се „тазе“ мајки.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-2

Сензуално за заводници
Богата комбинација на сензуални бои е идеална за префинети, страсни и заводнички пораки. Впечатливите нијанси на црвена боја се основата на овие динамични цветни емоции. Сензуалниот аранжман можете да го подарите на саканата личност за посебна прилика или без повод. Пораката е секогаш убава.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-3

Лелеаво за вечните девојчиња
Со букет од портокалови лалиња, жолти нарциси или мимози секогаш ќе измамите насмевка кај оние кои останале млади со духот. Секогаш ќе израдувате стара пријателка, сестра или драга комшивка.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-4

Каранфили за бунтовници
Ова малку заборавено цвеќе е симбол за многу бунтовнички движења, но ширум светот има различна симболика. На само еден цвет каранфил ќе му се израдуваат оние со немирен дух, било да се студенти или работници.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-5

Ексцентрично за каприциозните
Мислите дека каприциозноста не е карактерна особина? Можеби, но со цвеќето давате до знаење дека каприциозноста ги следи луѓето кои сакаат забави, кои се темпераментни и со слободен дух. Ваквите личности ќе се израдуваат на цветни аранжмани со ексцентрична форма и контрастни бои.

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-6

Романтично за идната невеста
Чувството на интимност, носталгија и пријатност е содржано во тоновите на цикламата. Романтичните аранжмани изразуваат чувство на љубов и восхит, а особено делуваат на мајките, сестрите, најдобрите пријателки, идните невести...

buketite-zboruvaat-sedum-jazici-7

Смирено за деловна прилика
Кошница со цвеќе во тонови на нежно жолта и светло зелена боја ќе предизвикаат смиреност и хармонија. Идеален подарок за вработени, амбициозни жени на кои им е потребно катче мир. Ваквата цветна оаза ќе им биде извор за позитивна енергија.

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
11 работи кои ви се потребни за да бидете среќна личност Што значи да се биде апсолутно среќен? Многу филозофи, социолози, психолози и сп...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg