18 работи кои мора да престанете да ги одложувате

Во ситуација сте кога имате многу обврски кои чекаат на вас, а вие упорно ги одложувате? Некако немате желба да ги направите, а сепак морате. Направете си листа од приоритети кои секогаш мора да ги почитувате, па можеби ќе си ја олесните работата.

18-raboti-koi-mora-da-prestanete-da-gi-odlozuvate-01

Ова се 18 работи кои најчесто непотребно ги одложуваме:

1. Чистењето на вашиот гардеробер, кој моментално има стотици парчиња облека и десетина пара чевли кои никогаш нема да ги облечете.

2. Јавувањето на вашите родители, баби и дедовци или пријатели кои долго време ги мислите, а никако да кренете телефон и да ги прашате како се.

3. Извинете се на оние на кои им должите.

4. Одговарањето на пораки на досадните личности на Фејсбук, само за да не бидете лошо сфатени е една од најпогрешните работи кои можете да ги направите во животот. Ним не им должите ништо, а себеси си должите мир.

5. Обновувањето на документи нека биде секогаш приоритет. Не знаете каква шанса може да пропуштите, само затоа што немате валиден пасош.

6. Конечното завршување на работната обврска која немаше рок, но сепак ви беше зададена пред неколку месеци.

7. Чистењето на фрижидерот од работите кои непотребно зафаќаат простор и ви ја нарушуваат прегледноста.

8. Чистењето на целиот дом од непотребните ливчиња и ситници кои ве мрзело да ги фрлите во моментот кога требало.

9. Средувањето на мејлот и конечното решавање на хаосот со пораките кои мислите дека никогаш не ви стигнале.

10. Пишување на честитки за благодарност на луѓето кои некогаш нешто ви честитале или пак ви се нашле во неволја.

11. Посетата на добар пријател кој одамна не сте го виделе само затоа што ве мрзи да го извозите целиот град за да стигнете до кај него.

12. Дознајте конечно за што се работи во шоуто за кое сите зборуваат, а вие упорно никако да најдете време да го гледате.

13. Заменете го здодевниот аларм со некој малку поинтересен кој нема да ве нервира уште повеќе секое станување.

14. Избришете ги и заборавете ги сите личности кои некогаш ве натерале да се чувствувате несигурно уште денес. Не одложувајте затоа што мислите дека ќе се променат.

15. Испробувањето на рецепти кои постојано ги гледате на интернет, а никако да ги вкусите.

16. Повикајте го/ја оној/онаа кој/а ви се допаѓа на состанок уште денес, утре можеби нема да имате време.

17. Вежбањето не мора да го практикувате само месец дена пред да одите на одмор.

18. Не одложувајте го купувањето на нова храна, нова облека, обувки или едноставно свежи цвеќиња кои ќе ви го подобрат расположението веднаш!

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава