Весело шаренило – оригинални комбинации со цвеќе

Шарените комбинации секогаш биле популарни, било да се работи за разни бои на мебелот, постелнината или декорациите со цвеќе. Поиграјте си со различни решенија во декорирањето на вашиот простор. Со додавање на нови детали одржувајте го вашето опкружување и допринесете тоа да изгледа барем за кратко, потполно поинаку.

veselo-sarenilo-originalni-kombinacii-so-cveke-1

Вазните се многу стандардно и вообичаено решение за цветните декорации и сигурно имате барем една или две кристални вазни и барем една од керамика. Но, често пати завршуваат осамени на полица и фаќаат прашина, служејќи како мали скулптури. Оригиналните решенија секогаш значат користење на нешто поинакво и несекојдневно.

Заборавени кофички

veselo-sarenilo-originalni-kombinacii-so-cveke-2

Сигурно имате некаде бело обоена или метална кофичка која веројатно ви е заборавена во подрумот или шпаизот. На брзина исчистена и изгланцана ќе засјае со прекрасна декорација од цвеќе. Можете самите да направите букет така што ќе одберете една основна боја за цвеќето и сè ќе изгледа свежо, жолтата и белата боја се одлична комбинација.


Шарени лончиња

veselo-sarenilo-originalni-kombinacii-so-cveke-3

Шарени лончиња во разни бои и украсени со точки, одлично ќе прилегаат каде и да ги поставите. Ќе создадат прекрасен контраст со останатиот мебел и ќе изгледаат неодоливо со букет цвеќе. Сите ќе ја забележат симпатичната слика и никој нема повеќе да се сети на керамичката вазна.


Бокал

veselo-sarenilo-originalni-kombinacii-so-cveke-4

Не се сеќавате од кога не сте го употребиле? Мислите дека ви е некаде длабоко закопан во плакарот? Фантастично ќе послужи за прекрасен букет цвеќе. Во бела боја ќе се одговара со сите комбинации во вашиот амбиент, а вие ќе бидете повеќе од задоволни со постигнатиот резултат.


Градинарски кантички

veselo-sarenilo-originalni-kombinacii-so-cveke-5

Да.. дури и тие ќе бидат одлично решение за вашиот балкон. Можете да ги поставите и во ентериер, блиску до балконската врата во осветлен дел од собата. Може да бидат фин исполирани или стари од лим и платина, што ќе даде уште поголем шарм на целата декорација. Цвеќето ќе засјае во старата кантичка.

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава